Никола Јокиќ одигра историски добaр натпревар во победата на Денвер Нагетс над Атланта Хокс од 139:120.
Актуелниот МВП во НБА лигата, натпреварот го заврши со 23 поени, 17 скока и 15 асистенции. Јокиќ го запиша 143.трипл-дабл во кариерата.
Тој е првиот играч кој стигна до 20/15/15 за неполни 30 минути на теренот. Атланта имаше приклучок во првото полувреме, но во третата четвртина кога на Јокиќ му се приклучи Расел Вестбрук, Нагетс експресно стигнаа со 102:82. Третиот период Денвер го доби со 41:24.
Покрај Јокиќ, поентерски придонесоа Џамал Мареј и Мајкл Портер со по 21 поен, а се истакна и споменатиот Вестбрук со 16 поени и 11 асистенции.
На другата страна, Тре Јанг постигна 30 поени и девет асистенции, а Деандре Хантер со 20 поени.