Oткако канадскиот премиер Џастин Трудо ја објави својата оставка, новоизбраниот претседател Трамп го повтори својот предлог за обединување на Канада и САД.
„Доколку Канада се спои со САД, нема да има царини, даноците ќе се намалат и тие би биле тотално Обезбедени од заканите на руските и кинеските бродови кои постојано ги опкружуваат“, објави Трамп на својата страница „Truth Social“. „Заедно, каква голема нација би била!!!“- напиша Трамп.
Трудо вчера објави дека ќе поднесе оставка пред општите избори подоцна оваа година. Неговата Либерална партија има слаби анкети бидејќи тензиите со Трамп се зголемија околу прашањето за царините.