strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Пред 30 години еден продуцент ми кажа дека сум безначајна актерка, кажа Деми Мур откако освои „Златен глобус“
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > ЗАБАВА > Пред 30 години еден продуцент ми кажа дека сум безначајна актерка, кажа Деми Мур откако освои „Златен глобус“
ЗАБАВА

Пред 30 години еден продуцент ми кажа дека сум безначајна актерка, кажа Деми Мур откако освои „Златен глобус“

Објавено January 7, 2025 17:23
strana.mk
Сподели
Сподели

Деми Мур освои „Златен глобус“ за прв пат во нејзината 45-годишна кариера. Таа ја освои престижната награда за најдобра женска улога во мјузикл или комедија за нејзината главна улога во „The Substance“, приказна за актерка која избледува во потрага по фонтаната на младоста.

Ова е една од најзначајните награди што ги има добиено и нејзина четврта номинација за „Златен глобус“, откако претходно беше номинирана за улоги во филмовите „Дух“ (1991), како и во две категории за филмот „Ако ѕидовите би можеле да зборуваат“ (1997). При примањето на наградата, шокираната 62-годишна актерка одржа емотивен говор кој ги расплака фановите.

Навистина не го очекував ова. Во моментов сум во шок. Ова го правам долго време, повеќе од 45 години, и ова е прв пат да освојам нешто како актерка и сум едноставно толку понизна и толку благодарна“, започна таа, а потоа се осврна на својата кариера и на она што надминало сè низ годините.

„Пред 30 години, еден продуцент ми рече дека сум безначајна актерка, тоа значеше дека можам да снимам успешни филмови кои ќе заработат многу пари, но дека нема да ме препознаат и верував во тоа“, рече таа додека беше совладана од емоциите.

И тоа на крајот ме изглода до тој степен што пред неколку години помислив дека можеби „ова е тоа“. Можеби го направив она што требаше да го направам. Но на моето биро дојде лудото сценарио наречено „Супстанција“.

„Универзумот ми кажа дека не сум готова“, рече таа и се заблагодари на режисерката и сценаристката на филмот Корали Фаргит за укажаната доверба, како и на целиот нејзин тим, од кои многумина се со неа повеќе од 30 години и кој ја поддржуваше и кога не веруваше во себе.

Таа се осврна на клучниот момент во филмот во кој Елизабет Спаркл, ликот што ја игра, ја симнува шминката:

Во оние моменти кога мислиме дека не сме доволно паметни или убави или доволно слаби или успешни, или дека ние едноставно не сме доволно добри, една жена ми рече: „Само знај дека никогаш нема да бидеш доволно, но можеш да ја знаеш својата вредност ако само ги спуштиш критериумите“.

„И така денес го славам ова како знак на мојата целост и љубов што ме трогнува и дарба да правам нешто што го сакам и да се потсетувам дека некаде припаѓам“, заклучи таа и остави бројни ѕвезди, но и обожаватели ширум светот трогнати до солзи, со овации кои одекнуваа дури и кога таа ја напушти сцената.

TAGGED:актеркадеми мурзлатен глобуснаграда
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија МОЌНО ОРУЖЈЕ: Што треба да знаете за мета очилата што ги користел напаѓачот од Њу Орлеанс во нападот
Следна статија (ФОТО) Роџер Федерер доминираше со нов изглед, им одржа модна лекција на сите мажи

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Една пациентка од повредените во пожарот во Кочани сè уште во тешка состојба

Состојбата на повредените во дискотеката „Пулс“ во Кочани е непроменета. Петмина повредени…

June 19, 2025
Десет пациенти од пожарот во Кочани примија ПРП терапија без да патуваат до Скопје

Директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски попладнево преку социјалните мрежи…

June 18, 2025

Николоски: Просекот на поминување по пругата сега е 12 часа, затоа ни е потребна изградба на нова, брза пруга

Има физибилити студија за брзата пруга…

June 20, 2025

Завршни зборови утре ќе дава Јовица Страшевски

Во случајот со убиствата на Вања…

June 19, 2025

СДСМ реагира за пругата која треба да се прави со британските пари

Во ВМРО-ДПМНЕ не се знае кој…

June 19, 2025

Дали Иран гаѓа со ракети со повеќе боеви глави?

Израелската армија (ИДФ) соопшти дека Иран…

June 19, 2025

РАЗНО

ЗАБАВА

На 91 година почина мајката на Витни Хјустон и добитничка на Греми

Почина Сиси Хјустон, мајка на покојната Витни Хјустон и самата гспел икона . Таа имаше 91 година. Хјустон почина во…

October 8, 2024
ЗАБАВА

Карлеуша: Душко не можеше да ми пружи…

Јелена Карлеуша призна  дека не и недостига поранешниот сопруг Душко Тошиќ бидејќи во текот на целиот брак претежно била сама:…

October 30, 2024
ЗАБАВА

Избрани принцот и принцезата на Струмичкиот карневал

Митко и Катерина Дрвошанови се избрани за принц и принцеза на Струмичкиот карневал на синоќешниот маскенбал што се одржа во…

March 1, 2025
ЗАБАВА

Во Естонија и разводите станаа онлајн

Со воведувањето на е-разводот, малата балтичка држава, стана прва земја во светот која 100 процентно им дава онлајн административни услуги…

January 31, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?