Неодамнешната тужба насочена околу асистентот Siri предизвика гласини за насочени реклами на iPhone-ите. Apple се огласи и ги отфрла гласините дека компанијата некогаш им дозволила на огласувачите да ги таргетираат корисниците врз основа на снимките направени од асистентот Siri.
„Apple никогаш не ги користел податоците на Siri за креирање маркетинг профили, никогаш не ги направил достапни за рекламирање и никогаш не ги продавал на никого за каква било цел, соопштија од компанијата.
Теоријата на заговор, на која компанијата сега реагира, се појави минатата недела кога Apple одлучи да плати 95 милиони долари како спогодба. Против компанијата беше поднесена тужба од страна на корисници чии разговори ги собира гласовниот асистент Siri, а потенцијално ги слушаат вработените во Apple.
Фејсбук одговори на слични теории во 2014 и 2016 година, пред Марк Цукерберг директно да одговори и да рече дека нема вистина за нив за време на сослушувањето во Конгресот во 2018 година.