Модните трендови имаа различни влијанија врз бизнисот на две италијански куќи кои наскоро би можеле да станат една.
Преговорите за спојување на италијанските модни компании „Тапестри“ и „Капри холдингс“ пропаднаа во ноември, а потоа „Капри холдингс“ се обрати до „Барклис“, која и препорача да ги продаде своите брендови „Версаче“ и „Џими Чу“, пренесува „Ројтерс“, цитирајќи два анонимни извори запознаени со ова прашање.
Еден од изворите не ја отфрли можноста на продажба да се најде целиот „Капри холдингс“, кој забележа голем пад на кварталните приходи во ноември.
За разлика од тоа, модната фирма „Прада“ бележи добри резултати. Компанијата во ноември објави дека нејзиниот нето приход за првите девет месеци од 2024 година се зголемил за 15 отсто на годишно ниво, достигнувајќи 3,83 милијарди евра.
Продажбата на мало на „Прада“ во Европа се зголемила за 16 отсто на годишно ниво на 1,09 милијарди евра, во азиско-пацифичкиот регион за девет отсто на 1,14 милијарди евра и во САД за седум отсто на 576 милиони евра.
– Нашите брендови остануваат пожелни и релевантни благодарение на силата и доследноста на нивниот идентитет, креативноста и прецизното позиционирање – рече извршниот директор на „Прада“, Андреа Гуера во изјавата објавена на веб-страницата на компанијата.