Првиот блок од РЕК Битола е привремено исклучен од електроенергетската мрежа. Според информациите од АД ЕСМ, исклучувањето е од превентивен карактер.
„Имено, во услови на енормна влага кај депонираниот јаглен поради интензивните снежни врнежи, потребната моќност на термоблоковите може да се постигне само со користење на огромни количини на мазут – што може да доведе до нарушена работа на котелот“, велат од ЕСМ.
Од таму додаваат дека застојот не би требало да биде подолг од неколку дена, со оглед на тоа што се очекува стабилизација на времето и со тоа и подобрување на квалитетот на јагленот. Во моментов РЕК Битола работи само со третиот блок, бидејќи првите два не произведуваат