Американката Даниеле Колинс вчера ја победи Австралијката Дестане Ајава пред публиката која навиваше за 24-годишната Австралијка, додека таа играше во нејзиниот роден град Мелбурн Парк.
Во текот на целиот натпревар, кој траеше два часа и 25 минути, публиката ја исвиркуваше Колинс. Кога 31-годишната победи, ја изненади публиката со гест упатен кон оние кои ја навредуваа.
На Икс, Австралија опен објави кратка снимка од Колинс како ја задева публиката по нејзината победа, со натпис: „Мал „холивудски“ Халк Хоган момент изведен од Даниел Колинс по натпреварот!
Колинс постојано викаше „Како ти се допаѓа тоа?!“ покажувајќи на публиката дека сака да ја слушне нивната реакција, по што разнесе бакнежи, а потоа, додека минуваше зад судијата, му ја бакна раката и се удри по задникот, како да сака да каже „Бакни ми го задникот“.
Реакциите на нејзиниот потег беа поделени. „Беше шок затоа што овде бевме воспитани со манири, за разлика од глупавите, груби и арогантни Американци. Ќе видиме како ќе биде кога некој ќе ја претепа на рака следниот пат“, беше еден од коментарите.
Сепак, на многумина оваа ситуација им беше комична. “Даниел Колинс е американска легенда. Нејзините лудории се одличен потсетник зошто сакам да бидам Американка”, “Колективниот шок беше бесценет”, “Како може некој да реагира на ова освен со насмевка?! Девојката е комедија „На елитен трол му требаат негативци“, се само дел од коментарите.
Little bit of prime "Hollywood" Hulk Hogan about Danielle Collins post match!#AO2025 pic.twitter.com/nyusDgt3PP
— #AusOpen (@AustralianOpen) January 16, 2025