strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Жената која на лажниот Бред Пит му исплатила 830.000 евра паднала во депресија
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > ЗАБАВА > Жената која на лажниот Бред Пит му исплатила 830.000 евра паднала во депресија
ЗАБАВА

Жената која на лажниот Бред Пит му исплатила 830.000 евра паднала во депресија

Објавено January 19, 2025 14:06
strana.mk
Сподели
Сподели

53-годишната дизајнерка на ентериери, Ана од Франција неодамна за францускиот канал TF1 раскажа како станала жртва на голема измама поради која на непознат маж му испратила 830.000 евра мислејќи дека тоа е Бред Пит.

На Ана подоцна ѝ била дијагностицирана тешка депресија. Пред два месеци таа се пријавила во клиника за ментално здравје, каде што е сместена и денес. Нејзината адвокатка, Лорен Хана, изјави дека нејзината клиентка на интернет ја нарекуваат „глупава и наивна“ и дека била безмилосно малтретирана.

По инцидентот со „Бред Пит“ и коментарите на луѓето на интернет, Ана ги избришала сите нејзини социјални мрежи. Адвокатката вели дека случајот е ужасен и дека е шокирана од реакциите на социјалните мрежи.

“Луѓето изгледа само што открија дека има измами на интернет. Љубовните измами преку Интернет не се ништо ново. Ана сигурно не е сама. Она што ѝ треба на мојата клиентка е разумен совет и достоинствено да се третира”, изјави Лорен за Daily Mail.

Лорен Хана раскажа како ѝ помага на својата клиентка да поднесе тужба против банката затоа што дозволила неконтролирани трансфери на толку големи суми пари на странски сметки.

Да се ​​потсетиме дека, вели Ана, „Бред Пит“ во еден момент ѝ напишал дека има рак на бубрегот и дека поради разводот со Анџелина Џоли не може да си ги дозволи средствата за лекување. Тој ѝ испратил фотографии од болницата (дури и од операционата сала), создадени со помош на вештачка интелигенција. Тие никогаш не разговарале по телефон бидејќи, според Ана, секогаш биле премногу зафатени.

По неколку месеци допишување, Ана се согласила да се омажи за човекот кој ѝ испраќал пораки. Таа на крајот му платила пари за „третман“ на лажна сметка. Почнала да се сомнева во неговиот идентитет кога во медиумите се појавија фотографии од Бред Пит со неговата девојка Инес де Рамон. Таа ангажирала инспектори, кои набрзо ја откриле вистината – таа никогаш не комуницирала со Бред Пит. Сепак, било предоцна.

TAGGED:анадепресијаженажртваизмамалежен бред питпари
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Mицкоски во Вашингтон на важни состаноци пред инаугурацијата на Трамп
Следна статија Лекарите објавија од што почина директорот на австриската компанија Страбаг, која ги гради патиштата низ Македонија

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Една пациентка од повредените во пожарот во Кочани сè уште во тешка состојба

Состојбата на повредените во дискотеката „Пулс“ во Кочани е непроменета. Петмина повредени…

June 19, 2025
Десет пациенти од пожарот во Кочани примија ПРП терапија без да патуваат до Скопје

Директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски попладнево преку социјалните мрежи…

June 18, 2025

Од понеделник 38 степени

Сончево и топло, а попладне нестабилно…

June 19, 2025

(ВИДЕО) Венко Крстевски и СДСM се режисери на агресијата и поделбите во Кочани, обвинија од ВМРО ДПМНЕ

Дали Венко Крстевски и СДС се…

June 19, 2025

Владата го усвои Предлог ребаланс на Буџетот

Владата денеска го усвои Предлог ребалансот…

June 19, 2025

Клековски: Фондот за здравство ќе ги покрие сите трошоци за повредените во несреќата во Кочани, да не се брза со ласери и естетски корекции надвор од протоколите

Фондот за здравствено осигурување ќе ги…

June 19, 2025

РАЗНО

ЗАБАВА

(Видео) Роби Вилијамс: На почетокот на годината бев во тешка депресија, не гледав излез

Британскиот пејач Роби Вилијамс во новото интервју откри дека на почетокот на годината страдал од тешка депресија. Тој вели дека…

April 9, 2025
ЗАБАВА

(ВИДЕО) УРНЕБЕСНО: Тетката се мажи, внуката не ја дава

Свадбена церемонија во црква го привлече вниманието на јавноста, откако објавеното видео стана вирално на социјалните мрежи. Имено, за време…

October 8, 2024
ЗАБАВА

(ВИДЕО) Страшни предвидувања на Нострадамус за 2025 година

Со векови, Нострадамус и неговите пророштва го привлекуваат вниманието на луѓето, а како што се приближува 2025 година, неговите предвидувања…

December 11, 2024
ЗАБАВА

Скот 20 минути бил во рајот: Eдна личност ме однесе на ливада од која не сакав да си заминам

Скот Драмонд имал 28 години кога доживеал тешка несреќа. Итно бил префрлен во болница и на операционата маса. За време…

December 27, 2024
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?