strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Коцевски: Без разлика што е во бегство, постапката за Груби продолжува
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > МАКЕДОНИЈА > Коцевски: Без разлика што е во бегство, постапката за Груби продолжува
МАКЕДОНИЈА

Коцевски: Без разлика што е во бегство, постапката за Груби продолжува

Објавено January 20, 2025 14:12
strana.mk
Сподели
Сподели

Без разлика што е во бегство, и за Артан Груби и за другиот осомничен, постапката и натаму продолжува и јавноста ќе биде известена, изјави државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски за медиумите прашан дали има напредок во истрагата за поранешниот вицепремиер, додавајќи дека и покрај меѓународната потерница, јавните обвинители и „понатаму преземаат дејствија во однос на постапката“.

Коцевски пред почетокот на 14-тата седница на Советот на јавни обвинители прашан дали има предистрага за судијата Енвер Беџети, ставен на „црната листа“ на САД, одговори дека „заедно со тој предмет што се однесува и за судијата, и за Артан Груби и, евентуално, за друг сторител, се води предистражна постапка и понатаму ќе се види како ќе се одвива.

Соопшти дека не е почната истрага за ставањето во фиока на предметот за поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков.

Истрага не, се уште се работи за предистрага, се прибираат докази и за тој предмет јавноста ќе биде известена, а во моментот за оние дејствија што се преземени од наша страна, јавноста е известена, рече Коцевски.

За финансиската истрага за случајот „Соравија“, пак, одговори дека за Дрин Ахмети има две постапки – едната се води во Јавното обвинителство за организиран криминал, а другата постапка во Основното јавно обвинителство-Скопје.

Едната постапка е по правна помош за „Соравија“, а другата постапка е за ископина на природни минерални, рече Коцевски.

За случајот со ЕСМ, јавниот обвинител посочи дека Основното јавно обвинителство Битола води постапки за шест јавни тендери.

Можам да истакнам сега дека интензивно се работи и плус е вклучена Финансиската полиција. Се надеваме на брзо доаѓање до евентуални докази, рече Коцевски.

На прашање дали Обвинителството го истражува сертификатот за англиски јазик на директорот на Агенцијата за национална безбедност Бојан Христовски, како и за голем број други спорни сертификати за кои се зборуваше во јавноста, обвинителот одговори дека за предметот со Христовски чекаат одговор на барањето што е доставено до Бугарија за меѓународна правна помош.

Како што појасни, барањето до колегите од Бугарија е дали сертификатот е издаден од надлежен орган односно школа, институција или некоја установа која во моментот давала такви сертификати и била регистрирана.

Во однос на сертификатите, и министерот за внатрешни работи изјави дека по негово сознание има околу 500 сертификати кои наводно биле фалсификувани. Што се однесува за лицето што го спомнавте, и за тој предмет до бугарските надлежни органи доставено е барање за меѓународна правна помош, штом го добиеме, ќе постапиме и ќе се донесе јавнообвинителска одлука, изјави Коцевски.

Во  врска со истрагата за струмичкиот бизнисмен за кој во последното соопштение ЈОРСМ информираше дека УЈП не нашло неправилности, Коцевски одговори дека не може да споделува детали со јавноста затоа што се работи за предистрага и, како што рече, не може да биде соопштено повеќе од даденото соопштение од Обвинителството.

На прашање како го коментира тоа што на собраниска комисија е негативно оценет Годишниот извештај на  Советот за јавни обвинители и дали смета дека петтемина членови во Советот кои ги избира Собранието треба да поднесат оставка од морални причини, Коцевски одговори дека тоа не може да го коментира зашто тоа, рече, е став на Советот и е нивна морална обврска дали ќе поднесат оставка.

На истото прашање претседателката на Советот на јавни обвинители Душица Димитриеска, за медиумите изјави дека таа го презентирала Извештајот и дека „работа на Собранието е како ќе го оцени“.

До денес не сме известени дали е оценет, рече Димитриеска.

На прашање како го коментира ставот на експерти дека од Судскиот совет и од Советот на јавни обвинители треба да почнат реформите во судството, со кои ќе се подигне довербата на јавноста што сега е многу ниска, претседателката одговори дека Советот на јавни обвинители како институција „не е посочена во негативна смисла во ниту еден од извештаите – ниту на домашните ниту на странските експерти“.

Членовите на Советот објективно, законито и непристрасно  ја извршуваат својата функција во заштита на темелните вредности на државата, истакна Димитриеска.

На 14-тата седница на Советот на јавни обвинители таа предложи  членови што ќе бидат координатори во подрачните виши јавни обвинителства во Битола, Гостивар, Штип и Скопје, согласно Годишниот распоред за работа на членовите на Советот. На дневен ред на седницата беше и одлуката за престанување на функцијата на јавниот обвинител Јован Серафимовски поради исполнување на условот за старосна пензија. 

TAGGED:ГрубиЉупчо Коцевски
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Мицкоски оствари средба со сопственикот на бејзбол клубот Њујорк Јенкис (NY Yankees)
Следна статија Поскапуваат горивата

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мицкоски: Вложуваме во здравствениот систем, набавивме магнетна резонанца и друга апаратура за Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“

Премиерот Христијан Мицкоски денес беше во посета на Универзитетската клиника за хируршки…

November 20, 2025
Клиниката за детски болести доби нов дигитален мобилен рендген-апарат

Државниот секретар во Министерството за здравство, д-р Бесим Мемеди, денеска, на Клиниката…

August 5, 2025

(ВИДЕО) Додик ја прослави победата со песна: „Само тако, само тако…“

Лидерот на СНСД, Милорад Додик, ја…

November 24, 2025

Се огласи Дурловски по случувањата на настапот на Аца Лукас во Кавадарци

Во држава која и понатаму се…

November 23, 2025

(ВИДЕО) Елмас со јубилеј, 200 натпревари во дресот на Наполи

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Елиф Елмас синоќа…

November 23, 2025

Радосна вест од Детска клиника: Дамјан ја совлада болеста и храбро заѕвони на победничкото ѕвонче

Нова радосна вест пристигна од Клиниката…

November 22, 2025

РАЗНО

МАКЕДОНИЈА

Од понеделник се очекуваат нови снежни врнежи

Времето денеска ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, а преодно стабилизирање ќе има утре и потоа преку ноќта,…

December 21, 2024
МАКЕДОНИЈА

Денеска е Свети Наум Охридски – Чудотворец, исцелител и просветител на македонскиот народ

Главнoтo празнувањe му e на 23 дeкeмври/5 јануари, а на 20 јуни/3 јули му e лeтeн празник) Православните верници денеска…

January 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

МВР со детали за тешката сообраќајка на патот Прилеп- Битола во која загинаа три лица, се запалиле двете возила

МВР излезе со детали за тешката сообрќајна несреќа што се случи вчера на патот Прилеп-Битола, при што три лица загинаа,…

October 4, 2024
МАКЕДОНИЈА

Христос Воскресе – Вистина Воскресе!

Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена…

April 20, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?