strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Тошковски: Да создаваме, да градиме и да унапредуваме модерна, опремена, стручна и професионална, но секако и задоволна полиција
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > МАКЕДОНИЈА > Тошковски: Да создаваме, да градиме и да унапредуваме модерна, опремена, стручна и професионална, но секако и задоволна полиција
МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Тошковски: Да создаваме, да градиме и да унапредуваме модерна, опремена, стручна и професионална, но секако и задоволна полиција

Објавено January 25, 2025 14:38
strana.mk
Сподели
Сподели

Ве повикувам,  при полагањето на свечената заклетва, секој од вас да прифати свој личен аманет, завет на чесност и професионалност дека секогаш ќе ги почитува Уставот и законите на Македонија, ќе води бескомпромисна борба со криминалот и корупцијата и ќе се грижи за безбедноста на секој и на сите граѓани и целото македонско општество. Благосостојбата и напредокот на едно општество се темелат на функционирање на законите и поредокот, на правната држава, чија основа е успешното функционирање на безбедносниот систем. Тоа значи да создаваме, да градиме и да унапредуваме една модерна, опремена, стручна и професионална, но секако и задоволна полиција која своите задачи и обврски ќе ги извршува максимално законито, стручно, одговорно и транспарентно, во име на граѓаните, во име на својот народ кој ја плаќа.“,  истакна министерот Тошковски на пригодната церемонија по повод свечената Промоција на нови полициски службеници – генерација 2024-2025 година, која се одржа денеска во Центарот за обука на МВР во Идризово, на која покрај раководството на МВР, присуствуваа и министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, директорот на АНБ Бојан Христовски и претставници на дипломатскиот кор во земјата.

Министерот Тошковски потенцираше дека новото раководство со доаѓање на чело на полицијата се зафати со решавањето на проблемите кои голем број проблеми кои се таложеле низ годините и изрази увереност дека резултатите веќе се видливи. Тој зборуваше за реформите, чекорите кои се преземаат во министерството како дигитализацијата на процесите и услугите, градењето на нови полициски станици, обновата на возниот парк, планираната набавка на нови модерни и функционални униформи, новата систематизација за подобра ефикасност, планираната реформа на враќање на средното полициско училиште и планираното зголемување на примањата на полициските службеници.

Министерот на крај Тошковски упатувајќи честитки до кандидатите истакна: „Уште еднаш да ве повикам вашиот професионален век да биде детерминиран од вредностите на хуманост, чесност, посветеност, одговорност и пожртвуваност – вредности по кои се препознаваат сите оние кои одлучиле да бидат во служба на својот народ, своите граѓани, својата татковина.“

Пред присутните на промоцијата се обрати и  помошник министерот на Центарот за обука, Влатко Митковски презентирајќи го унапредениот модел на едукација на Центарот за обука при МВР, препознатлив по својот квалитет во регионот и пошироко, Митковски истакна:Во рамки на тековните реформи, со гордост можам да истакнам дека направивме промена на начинот на спроведување на основната обука за полицаец, па така новата генерација кандидати за полицаец ќе се обучува наменски и тоа за следните сегменти: општа надлежност и сообраќајна полиција, гранична полиција и специјални полициски операции. Мотото е повеќе од јасно, а тоа е да се создаде Центар за полициска обука, рамноправен по квалитет со останатите центри за обука од регионот и Европа, за што се отпочна со иницијатива за формирање регионална асоцијација на Центри за полициска обука и полициски академии, каде заедно со нашите партнери од регионот ќе развиваме соработка во делот на полициската обука и образование и ќе вршиме размена на наставен кадар, обучувачи и современи наставни програми, формирајќи притоа регионална листа на полициски обучувачи. Со овие системски и суштински реформи ќе дојдеме до позитивен резултат на подолг рок и ќе продуцираме висококвалитетен полициски кадар кој ќе работи исклучиво во интерес на граѓаните и државата.“

Митковски информираше дека основната обука за полицаец  започна во 2024 година, со вкупно 558 кандидати, а денес, обуката успешно ја завршуваат 497 кандидати, 376 од машки пол и 121 од женски со среден успех на генерацијата од 522 бодови од можни 600.

На церемонијата беа доделени плакети за најдобри тимови од оваа генерација, а за најдобар од генерацијата 2024/2025 беше прогласен Владимир Зиморкоски, на кого му беше доделена свечена плакета од страна на министерот Тошковски , а доби и пригоден подарок од Македонскиот полициски синдикат, по што сите кандидати за полициски службеници од генерацијата 2024-2025 дадоа свечена изјава пред присутните.

TAGGED:Нови полицајциТошковски
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Хамас ослободи 4 израелски жени – војници во замена за 200 затвореници
Следна статија Австралија опен: Медисон Киз ја освои првата грен-слем титула

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ова се препораките на Институтот за јавно здравје за време на празниците

Институтотт за јавно здравје излезе со препораки за граѓаните за време на…

January 1, 2026
Радосна вест од Детска клиника: Дамјан ја совлада болеста и храбро заѕвони на победничкото ѕвонче

Нова радосна вест пристигна од Клиниката за детски болести во Скопје, каде…

November 22, 2025

(ВИДЕО) Ѓорѓиевски: Скопското Кале е чисто и уредено

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски,…

January 28, 2026

Бугарски професор до македонските камионџии: Станете бугарски државјани, ништо нема да изгубите

Бугарскиот професор и академик Спас Ташев…

January 27, 2026

Софија Куновска: Конгресот на СДСМ беше театар на апсурдот без смисла и катарза

Актерката и поранешна функционерка на СДСМ,…

January 26, 2026

(ВИДЕО)Енергетиката и долгорочниот развој на државата во фокусот на говорот на премиерот Мицкоски во Давос

Македонија ги зајакнува преносните линии за…

January 23, 2026

РАЗНО

МАКЕДОНИЈА

Дали апостол Павле ги напишал посланијата до Тимотеј и Тит?

Кога се во прашање Пасторалните посланија на апостол Павле, а тоа се Првото и Второто Послание до Тимотеј и Посланието…

July 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Лидерите на верските заедници потпишаа декларација за борба против насилен екстремизам

Верските лидери од Македонија здружено ќе се борат против насилниот екстремизам. Се заложија да ја зајакнат заедницата за да превенираат…

May 13, 2025
ЕКОНОМИЈАНАСЛОВНИ

Изгласани законските измени, маркетите ќе мора да ги објавуваат цените на веб-страници

Собранието на денешната 35.седница ги донесе измените и дополнувањата на Законот за заштита на потрошувачите, со коишто пратениците од власта…

February 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Иницијативи до Уставниот суд отсега и по електронска пошта

Од 1 јануари 2025 година секое физичко и правно лице, преку електронска пошта (e-mail) може да поднесува иницијативи, барања и…

January 3, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?