strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: 79 години од објавувањето на Македонската граматика од професорот Круме Кепески
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > МАКЕДОНИЈА > 79 години од објавувањето на Македонската граматика од професорот Круме Кепески
МАКЕДОНИЈА

79 години од објавувањето на Македонската граматика од професорот Круме Кепески

Објавено January 27, 2025 17:15
strana.mk
Сподели
Сподели

Првата Македонска граматика од проф. Круме Кепески е објавена на 26 ти јануари, 1946 година.

Професорот Круме Кепески појаснува дека за да ја напише Македонскаta граматика му била доволна АСНОМ-ската определба за заведување на македонскиот литературен јазик како службен јазик во Република Македонија. Вели „врз Граматиката работев засилено и со љубов“ и дека е „тешко да се објаснат и љубовта и радоста, предизвикани од тој интимен контакт со нешто што логички стана историја“.

Првата Македонска граматика од проф. Круме Кепески се појавува како општествена потреба за остварување на националните потреби на македонскиот народ. Како што, уште на Првото заседание на АСНОМ, во рефератот од Емануел Чучков на Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ, под наслов „Народно демократската власт во Македонија“, посебно е потенцирана „неопходноста од изработка на една граматика и речник и др. за да може на нашиот јазик да се пише и учи и да стане официјален јазик на нашата администрација“. Појавата на првата Македонска граматика од професорот Круме Кепески за да биде со радост прифатена од народот и од политичката номенклатура.

Во Граматиката дадени се научните основи на македонскиот литературен јазик. Покажана е посебната структура на македонскиот јазик, која што е поставена уште со формирањето на македонскиот народ, а понатаму се развива како сведоштво за македонската самобитност. Со што македонскиот јазик се поместува, како рамноправен член, во јазичното семејство на славјанските јазици.

Граматика од професорот Круме Кепески, според потребите на времето, е општа затоа што беше потребна, освен за училиштата, и за да пишува и учи администрацијата и народот, во целост.

„Во текот на НОБ (1943-1944), на ослободените територии веќе работеа училишта со настава на македонски јазик – нешто логично и природно, но сепак, вонредно возбудливо поради драматичноста на нашата национална историја и судбина“, вели професорот Кепески. „Мрежата на училиштата се ширеше брзо. Потребата од учебник на македонски јазик се појави со сета своја итност и неодложливост. Во 1945 година беше обнароден Правописот. Веќе беа утврдени рамките и нормите на литературниот јазик“, вели Кепески. Професорот Круме Кепески тогаш, самоиницијативно, во месец фебруари, отпочнува да ја пишува Граматиката, чие пишување трае до месец август, 1945 година.

Како што професорот Кепески, ќе рече: „Беше мошне тешко да се оствари ова пионерско дело, нашиот јазик си има специфични црти, кои требаше да ги согледам и граматички да ги поставам и објаснам. Акцентот, членот, двојниот предмет, аналитичките именски форми и специфичните глаголски форми – сето тоа требаше да се испита и да се објасни“.

Граматиката доживеа второ издание (1947) и трето проширено издание (1950). Конечно, професорот Круме Кепески објави педесетина општи и посебни граматики на македонскиот литературен јазик. А, имајќи големи заслуги во севкупниот процес на практичната изградба на македонскиот јазик, како автор на првата Македонска граматика и основоположник на граматичарското дело, како педагог, преведувач и културен деец, следствено проф. Круме Кепески зазема посебно место во македонската наука, култура и историја.

Рецензиите на славистите во светот за Граматиката

Врз основа на првата Македонска граматика од проф. Круме Кепески, за македонскиот литературен јазик се огласија најпознатите слависти од светот, од Лондон, Москва, Франција, Чехословачка, Словенија, САД и од Македонија.

Така, словенечкиот филолог Макс Робич во „Порочевалец“ за Граматиката напишал: „Малечка по обем, но многу значајна за македонскиот народ“.

Макс Робич, во споменатата статија, го афирмира значењето на Граматиката и сотоа дека нејзиниот автор укажува дека: „Најстариот словенски пишан јазик е оној што го пишувале словенските апостоли, солунските браќа св. Кирил и Медодиј во втората половина на деветтиот век и што го познаваме во најстарите сочувани глаголски и кирилски ракописи, кои настанале кон крајот на десеттиот и во почетокот на единаесеттиот век“ и дека „Кепески посебно подвлекува дека основата за овој јазик бил тогашниот словенски говор од околината на Солун и во самиот Солун, значи македонскиот јазик“. Иако „оттогаш, македонскиот јазик се променил многу во гласовите и во богатството на зборовите, особено во формите“.

Макс Робич укажува дека во граматиката се согледува дека не постојат падежи на именките, значи деклинацијата и вели: „Во врска со формите на македонскиот јазик, да спомене дека нема повеќе вистинска деклинација на именките и на другите имиња (освен неколку остатоци кај заменките) и, исто така, го нема глаголскиот инфинитив.“

Рецензија за Граматиката напишал и англискиот славист Де Бреј, кој, меѓу другото, напишал: „Судбината на македонскиот јазик била таква што некогаш три века бил заеднички за сите Словени, а иронијата на судбината направила последен да добие право на егзистенција“.

Во интервјуто Хораст Лант, професор на Харвадскиот универзитет во САД, истовремено стои: „Уште пред моето доаѓање во Македонија, јас го изучував македонскиот јазик и граматика. Појавата на „Македонската граматика“ од Круме Кепески ми даде повод во списанието „Јазик“ да дадам еден краток осврт на оваа граматика истакнувајќи некои особености на македонскиот јазик и македонската граматика“.

Дефинитивно, А. Фринта, славист од Чешка, претпоставувајќи го значењето на граматиката за осознавање на македонскиот литературен јазик, укажува дека таа е и учебник.

TAGGED:граматикакруме кепески
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Николоски: На постојните девет авио дестинации, работиме да воведеме уште најмалку две до три нови линии
Следна статија Зaпреа американските пари за невладините во Македонија

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ова се препораките на Институтот за јавно здравје за време на празниците

Институтотт за јавно здравје излезе со препораки за граѓаните за време на…

January 1, 2026
Радосна вест од Детска клиника: Дамјан ја совлада болеста и храбро заѕвони на победничкото ѕвонче

Нова радосна вест пристигна од Клиниката за детски болести во Скопје, каде…

November 22, 2025

Tarazı oyunlarının tarixi inkişafı zamanla dəyişən ənənələr

Tarazı oyunlarının tarixi inkişafı zamanla dəyişən…

March 10, 2026

Master essential tips and tricks for a successful casino experience

Master essential tips and tricks for…

March 10, 2026

Mastering casino strategies Essential tips and tricks from chicken road casino

Mastering casino strategies Essential tips and…

March 10, 2026

Mythos & Millionen Spiele gates of olympus und ergreife deinen Anteil am göttlichen Reichtum.

Mythos & Millionen: Spiele gates of…

March 10, 2026

РАЗНО

МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Мицкоски: Процесот на пристапување во ЕУ со ваквиот начин на одлучување се балканизираше, наместо ние да се европеизираме

Процесот на пристапување во Европската унија со ваквиот начин на одлучување се балканизираше, наместо ние да се европеизираме, вели во…

January 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сестрата на Фросина: “Кој е следен?” да ве прашаме вас, Која трагедија ќе биде следна на менито на вашите интереси?

Росица Кулакова, сестрата на трагично загинатата Фросина Кулакова, која беше прегазена на пешачки премин на билеварот Партизански одреди во Скопје,…

March 28, 2025
МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Потпишано Партнерство за безбедност и одбрана со Европската унија

Оваа нова политичка рамка за дијалог и соработка во областа на безбедноста и одбраната ја потпишаа Високиот претставник за надворешна…

November 19, 2024
МАКЕДОНИЈА

Облачно и постудено време со повремени врнежи од дожд и снег

Времето ќе биде облачно и постудено со повремени врнежи, кои во западните и јужните делови ќе бидат поројни и обилни…

November 30, 2024
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?