Извршниот директор на Tesla и сопственик на SpaceX, милијардерот, Илон Маск, обезбеди позиција во администрацијата на Доналд Трамп, новиот американски претседател, со донирање 277 милиони долари за неговата претседателска кампања, но и покрај тоа, неговиот сон за канцеларија во Белата куќа нема да се исполни.
Наместо тоа, канцеларијата на Маск ќе биде преку улицата од Белата куќа во зградата Ајзенхауер, како што одлучи Сузи Вајлс, шефица на кабинетот на Доналд Трамп.
Маск ќе го води новото Министерство за владина ефикасност (DOGE) на Трамп, пишува Јаху. Самиот Трамп потврди дека Маск нема да добие канцеларија во близина на неговата Овална канцеларија.
Trump isn't giving Elon Musk the West Wing office of his dreams & the internet is roasting him
Elon Musk may be heading up DOGE, but he won't be doing it from the White House! https://t.co/4mjuEA7rBQ
— PRIDE.COM (@pride_site) January 28, 2025
Политичкиот аналитичар Доминик Мајкл Трипи објави дека началникот на кабинетот на Белата куќа Сузи Вајлс, која Трамп ја нарече „ледена дама“, му ускратила на Маск пристап до Трамп и позиција во Западното крило.
„Сузи Вајлс наводно го ограничила директниот пристап на Илон Маск до претседателот“, рече аналитичарот.
Аксиос исто така објави дека Вајлс сака да создаде зона без драми и нема трпение за „кралицата на драмата“, како што го нарекуваат милијардерот Маск.
“Не ги поздравувам луѓето кои сакаат да работат сами или да бидат ѕвезди. Мојот тим и јас нема да толерираме интриги, несоодветна контрола или драма. Ова е контрапродуктивно за мисијата”, изјави Сузи Вајлс.
Откако било откриено дека Маск, кој беше со претседателот од изборите, нема да добие канцеларија во Белата куќа, на социјалните мрежи се појавија голем број шеги и прозивки.