Норвешкиот суверен фонд, најголемиот државен инвестиционен фонд во светот, денеска објави дека минатата година остварил рекорден профит од 2,5 трилиони норвешки круни или 222,4 милијарди долари.
Како што се наведува, високиот профит е постигнат пред се благодарение на растот на технолошките акции поради зголемениот интерес за вештачката интелигенција.
Повратот на инвестициите на Фондот минатата година изнесуваше 13 отсто, што е за 45 базични поени пониско од повратот на неговиот репер индекс, пренесува CNBC.
„Фондот постигна многу добри приноси во 2024 година, што е резултат на многу силна берза. Особено американските технолошки акции се покажаа многу добро“, рече извршниот директор на организацијата, Николај Танген.
Норвешкиот државен богат фонд управува со имот од 1,8 трилиони долари и е основан во 1990 година за поефикасно да управува со приходите од нафта и гас во име на граѓаните на скандинавската земја, објавија медиумите претходно.
Менаџерите на Фондот се обидуваат да го максимизираат профитот во рамките на нивната јурисдикција, а неговото портфолио, меѓу другото, вклучува акции, обврзници, недвижен имот и инфраструктура за обновлива енергија.