strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Чибишев: Цел тим на обвинители требаше да влезе на Онкологија
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > ЗДРАВЈЕ > Чибишев: Цел тим на обвинители требаше да влезе на Онкологија
ЗДРАВЈЕ

Чибишев: Цел тим на обвинители требаше да влезе на Онкологија

Објавено January 31, 2025 08:22
strana.mk
Сподели
Сподели

Аферата Онкологија ќе остави многу тешки последици во македонското здравство и уште долги години ќе го обременува и ќе ги пореметува некои внатрешни односи во здравствениот систем. Исто така ќе оневозможува да оди напред онака како што ние очекувамe, истакна доктор Андон Чибишев кој вчера беше гостин на Љупчо Цветановски во „Наткаст“ на КУРИР.

-Иако јавното здравство беше со доверба многу ниска , со аферата мислам дека многу повеќе луѓето изгубија доверба во здравството  затоа што се ширеа различни вести после аферата. Со тек на време дознавме дека навистина некои од тие страшни и жални ситуации се случувале и граѓаните дополнително ја изгубиле довербата, истакна Чибишев.

Чибишев прашува: „Дали тогашната владина гарнитура не сакаше до крај да го истражи тоа, дали се плашеа од реакциите на јавноста“?

-Беа назначени два обвинители да ја истражат аферата. Мене ако ме прашуваат требаше цел тим обвинители да влезат на Онкологија бидејќи двајца на толку обемна документација која се создавала со години, низ клиниката поминале голем број на пациенти, се случувале голем број на настани. Требаше поголем број на обвинители кои ќе беа засилени со стручни лица од здравството, да ја истражат аферата и да видат што точно се случувало  на клиниката. Мислам дека во старт тоа несериозно се направи, малку повеќе несериозен беше пристапот, не знам од кога причина. Дали тогашната владина гарнитура не сакаше до крај да го истражи тоа, дали се плашеа од реакциите на јавноста или од меѓународната јавност? Аферата стана популарна не само во нашето опкружување туку и во Европа се коментираше, јас тогаш читав разни коментари кои не беа воопшто пријатни за мојата држава. Што се случувало во мојата држава во еден од најзначајните центри каде се лекуваат пациенти кои имаат тешка болест за која не можеш да предвидиш каков ќе биде исходот, рече Чибишев.

-Имаше информации дека не се давале лекарства туку се давале празни инфузии. Имаше информации дека лекови се давале „под рака“, им се продавале на пациентите во маката. Јас сум верник, јас не знам како тие луѓе не се плашат од Господ. На некој на кој што животот му зависи од одреден лек, од терапија или третман, ти да го уценуваш надвор од прописите, надвор од законските одредби, да бараш дополнително да бидеш награден затоа што човекот има мака и ако треба ќе земе кредит, ќе се задолжи, сè ќе направи само да го добие лекот кој што му е потребен во моментот за да си го продолжи животот и да си го спаси животот, рече Чибишев.

Состојбата Чибишев ја нарече „Непријатна и грозна ситуација која сите нè вознемири“, а еден од големите проблеми кои ги истакна е тоа што уште нема епилог.

-На многу несмасен начин, не знам кој го прави планот како треба да се настапи во јавноста, за одредена многу сензитивна тема, во која целата јавност ги има вперено очите, од 100 луѓе кои те гледаат кога го зборуваш тоа можеби 50 не те слушаат, меѓутоа 50 те слушаат од кои 10 многу внимателно и го анализираат тоа штоп го зборуваш. Не можеш ти да кажеш дека имало извештаи „еве ги“. Прво ние не знаеме што се тие листови, дали се извештаите? Втора работа, зошто Анкетната комисија делегирана од највисокиот орган во државата Собранието, не ги добила? Дајте тогаш да ги викнеме тие што ги направиле извештаите, а на барање на највисокиот орган не им ги доставиле, да ги прашаме зошто, истакна докторот.

Чибишев оцени дека Филипче не може да се оправдува со извештаи бидејќи тој како министер требал да биде информиран за состојбите.

-На врвот на хиерархијата, во едно министерство е министерот. Точно е дека министерот не може да ги следи сите случувања во неговиот ресор. Меѓутоа министерот има тим којшто е задолжен и зема плата за да ги следи сите случувања во ресорот и да го информира министерот. Јас сум работел во Министерство за здравство, како функционер, како државен секретар и знам дека секое утро јас сум одел на едно кафе со министерот и сум го информирал на дневна основа за сè што се случило во претходниот ден. Министерот е политичко лице кое што можеби во текот на денот ќе има 10 настапи на медиуми, ќе има посети, ќе се сретнува со граѓани и нема време тоа да го следи. Меѓутоа ако министерот не бара да го информираат, тие околу него можат да сфатат дека не треба да го информираат. Тоа не е оправдување. Ништо, според мене, не може да ги оправда. Ништо! Треба да наведнат глава и да кажат: „Да, ние не водевме сметка, не направивме контрола, не се грижевме доволно. Затоа ни се случи и ние длабоко му се извинуваме на овој народ што тоа ни се случило“. Иако сметам дека извинувањето ништо не им значи на оние кои во меѓувреме си ги изгубиле најблиските. Човечки е ако си направил грешка, да се извиниш. Дали ќе сносиш санкции, дали ќе имаш одговорност или нема да имаш, тоа е друго прашање. Меѓутоа извинувањето и простувањето е една од најдобрите особини на една здрава личност, рече Чибишев.

Докторот во „Наткаст“ вели дека извештаите кои Филипче ги пласира пост-фестум не можат да бидат оправдување  и дека граѓаните се чувствуваат јадосани.

-Чудни работи се случуваат кои се несфатливи за мене, кој долго го работам здравството ич не се сфатливи. Меѓутоа и за обичните граѓани кои ги сретнувам на улица и кои го коментираат тоа, луѓето се јадосани. Еве таков збор ќе употребам. Јадосани се до крај зошто сè уште нема епилог на сите тие случувања. Можеби епилогот ќе нè доведе на една нулта состојба  и да почнеме да се движиме нагоре. Инаку ние уште сме ни таму, ни ваму. Не знаеме што се случувало точно. Не се посочени до крај сите виновници, истакна Чибишев.

TAGGED:ОнкологијаЧибишев
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Во 13 часот на Партизанска кај „Силбо“ – протест за трагичната смрт на Фросина
Следна статија Перински: Скопје како град го зафати сивило, не сум видел насмевка на лице на ниту еден скопјанец

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Клековски: Ден на лица со мултипла склероза, наместо честитки, 60 отсто зголемен буџет за биолошки лекови

За Светскиот ден на лицата со мултипла склероза, наместо честитки, 60 проценти…

May 30, 2025
Протест на здравствените работници во тетовската болница, бараат плати и решенија

Здравствените работници во тетовската болница излегоа на протест барајќи исплата на плати…

May 30, 2025

Англичанец посетил 77 земји, две места го разочарале: „Скапо, а сосема просечно“

По победата минатата година со својот…

June 1, 2025

Страшна несреќа во Русија: Се урна мост и падна врз патнички воз, има загинати и повредени

Најмалку седум лица загинаа, а 69…

June 1, 2025

Индијана Пејсерс се пласира во големото НБА финале (ВИДЕО)

Кошаркарите на Индијана Пејсерс го совладаа…

June 1, 2025

Скопјани повеќе од 24 часа без вода – „Водовод“ требало да обезбедат цистерни

Повеќе делови од Скопје вчера околу…

June 1, 2025

РАЗНО

ЗДРАВЈЕ

Истражување: Пушењето влијае на здравјето и до 25 години по откажувањето

Научници од Јужна Кореја анализирале податоци на околу 5,4 милиони поранешни и сегашни пушачи и непушачи и откриле дека, понекогаш,…

December 27, 2024
ЗДРАВЈЕ

Водата да биде прв избор, советуваат од ИЈЗ за претстојните празници

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) излезе со препораки за правилна хидратација за време на празниците. Се препорачува водата да биде…

December 31, 2024
ЗДРАВЈЕ

Во Македонија канабисот е најчесто користена дрога, покажува најновото европско истражување

Во Македонија канабисот е најчесто користена дрога, а потоа следат бензодиазепините, производите со CBD/ниско THC и кокаинот, покажува Европското веб истражување…

May 19, 2025
ЗДРАВЈЕ

Формирана нова првостепена комисија за лекување во странство

Во Фондот за здравствено осигурување денеска се одржала средба со дел од членовите на новиот состав на Првостепената комисија за…

April 11, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?