Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба за замрзнување на сите програми за странска помош на 90 дена на 20 јануари, веднаш по преземањето на функцијата.
Во земјава, проценките се дека поради ова околу 12 милиони долари ќе бидат скратени за невладините организации и за сите оние кои работеле на проекти поддржани од американската администрација.
Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочска вели дека она што го добиле државните институции се експерти кои се дојдени да понудат помош и поддршка за реализација на проектите.
„Ние сме единствената земја што постигнавме договор со поддршка на Американската амбасада да добиеме постојана поддршка за Министерството за финансии во секој сегмент“, рече министерката.