strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Мексико и Канада најавија исти мерки откако Трамп им воведе царини од 25 %
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > СВЕТ > Мексико и Канада најавија исти мерки откако Трамп им воведе царини од 25 %
СВЕТ

Мексико и Канада најавија исти мерки откако Трамп им воведе царини од 25 %

Објавено February 2, 2025 09:31
strana.mk
Сподели
Сподели

Канада и Мексико кажаа дека соодветно ќе одговорат откако Доналд Трамп им наметна нови царини на трите најголеми трговски партнери на САД. Како што беше најавено, тој воведе царини од 25% за Канада и Мексико и царини од 10% за Кина, казнувајќи ги трите држави зашто не сториле доволно за да спречат наплив на мигранти и фентанил во Америка.

Трамп се закани со уште поголеми давачки ако трите држави се одмаздат.

Канадскиот премиер Џастин Трудо веднаш објави дека неговата земја ќе воведе царини од 25% за серија производи што се увезуваат од САД, како пиво, вино, виски, овошје, зеленчук, парфеми, мебел, облека и обувки.

„Не го сакаме ова, не го баравме ова. Но, нема да отстапиме во одбрана на Канаѓаните“, изјави Трудо.

Со цел да се избегнат царини, Канада вети дека ќе спроведе нови безбедносни мерки долж границата со САД вредни 1,3 милијарди долари.

Белата куќа ја обвини мексиканската влада дека одржува „неприфатлив сојуз со мексиканските организации за трговија со дрога“. Мексиканската претседателка Клаудија Шеинбаум го опиша ова како клевета и му наложи на министерот за економија да одговори со царини од 25% за американските добра и со други нецарински мерки.

Кина го осуди потегот на Трамп за воведување царини од 10%, но кажа дека е отворена за разговор со САД за да се избегне продлабочување на конфликтот.

„Потегот на Трамп сериозно ги нарушува правилата на меѓународната трговија. Фентанилот е проблемот на Америка. Кинеската страна оствари обемна соработка во борбата против наркотици со САД и постигна значајни резултати“, кажа кинеското министерство за надворешни работи

TAGGED:Доналд Трампканадакинамексикотрговска војнацарини
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Маркетите со преполовен промет по бојкотот, Владата утре со детали од инспекциските контроли
Следна статија Пронајден телефон кај осомничениот за сообраќајката, контрола во затворот и најава за дисциплинска постапка

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Македонија има повеќе здравствени осигуреници од жители во државата

Во Македонија има повеќе здравствени осигуреници отколку жители во државата според последниот…

July 3, 2025
Костадинов: Судот пресуди дека водата за пиење во Струмица била чиста, питка и биохемиски исправна

Судот денеска донесе правосилна пресуда со која го потврди она што го…

July 1, 2025

Силувана 77 жена од радовишко

Во текот на вчерашниот ден полициски…

July 4, 2025

Сончево и многу топло, еве кога ќе има заладување

Времето денеска ќе биде претежно сончево…

July 4, 2025

Од денеска помалку метеж на „Табановце“, стартува системот One Stop за интегрирана гранична контрола

На граничниот премин со Србија „Табановце-Прешево“…

July 4, 2025

Мицкоски: Ќе воведеме обврска институциите да одговорат на барањата на граѓаните, задолжително и во најбрз рок

„За помалку од една година исплативме…

July 4, 2025

РАЗНО

СВЕТ

Не може секој да биде телохранител на Путин

Игор Петровиќ е аикидо мајстор кој долги години живее во Русија. Тој е еден од тренерите на телохранителите на претседателот…

March 3, 2025
СВЕТ

Трамп ги зголемува царините за Кина на 125 отсто, но најавува 90-дневна пауза за останатите земји

Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека „веднаш“ ги зголемува американските царини за увоз од Кина на 125 отсто, „поради недостиг…

April 9, 2025
СВЕТ

Оксфорд е прогласен за најдобар универзитет во светот, рекордна деветта година по ред

Универзитетот Оксфорд повторно се најде на врвот на рангирањето на светските универзитети на Тајмс за високо образование во најголемата и…

October 9, 2024
СВЕТ

Речиси цела Куба во мрак по колапс на електричната мрежа

Речиси цела Куба остана без електрична енергија откако националната електромрежа доживеа голем дефект синоќа, соопшти кубанското Министерство за енергетика и…

March 15, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?