Коосновачот на Мајкрософт, Бил Гејтс, изјави дека директорот на Tesla и SpaceX, Илон Маск, бил „злобен“ кон него, но дека сепак сака да работи со него.
Гејтс за „Индепендент“ изјави дека Маск понекогаш бил добар со него, а понекогаш злобен, но дека ќе се обиде да работи со него бидејќи Маск, како што рече, бил „брилијантен, богат и влијателен“.
„Воодушевен сум од одличната работа што ја направи во SpaceX и Tesla“, рече Гејтс.
Коосновачот на Мајкрософт, исто така, рече дека е изненаден кога видел дека сите истакнати личности од Силиконската долина го поддржуваат американскиот претседател Доналд Трамп.
Гејтс (69) беше најбогатиот човек на светот од 1995 до 2007 година и од 2014 до 2017 година.
Маск (53) стана најбогатиот човек на светот во 2021 година.