Директорката на универзитетската клиника за белодробни заболвања Козле Каролина Симоновска во официјален допис до медиумите побара нејзиното име да не се помнува никако по медиумите, а секој што ќе го објави нејзиното име презиме и професионалност ќе го смета за нарушување на нејзиниот интегритет за што најавува и законски постапки.
-Особено во ниеден случај моето име и презиме и мојата професионалност да биде злоупотребувано на начин што неовластено и во контекст на невистинити објави ќе биде употребувано јавно по медиуми – стои во нејзината пишана изјава.
Јавните функции како директори на јавните здравствени установи сами по себе носат и одговорност да се биде транспрентен кон јавноста за граѓаните да ја имаат довербата во едно демократско општество во институциите кои се назначени да ги предводат, а истите во случај кога се прозвани имаат право на свој став, па и демант, велат од новинарските здруженија.
Директорот на ЗНМ, Драган Секуловски оценува дека ваквите прикриени закани, се своевиден обид за цензура на медиумите..
Ваквиот потег на директорката на Козле доаѓа откако во јавноста последниот период колегиумот од болницата преку отворени писма побараа нејзино разрешување поради притисоци.. За ова таа разговораше и со министерот, по што оцени дека станува збор за политичка пресметка на поединци..
Последниот случај за кој се бараше одговорност од Симоновска беше отказот што и го дала на докторката Веселника Митровска Јосифова, која работела во болницата 22 години како експерт за бронхоскопија. За ова, Таравари имаше средба и со сопругот на Јосифова, по кој најави дека ќе ја разгледа целата состојба и ќе извести за одлуката.