Премиерот Христијан Мицкоски, денеска на прес-конференција во Владата рече дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи законски измени за зголемување на безбедноста во сообраќајот, по случајот во кој загина младата Фросина Кулакова.
„Сето тоа кое го планираме како пратеничка група, наскоро ќе го соопштиме. Работите треба системски да се решаваат, не ад-хок. Ова што се случи е резултат на ад-хок на решавање на работите. Овој пример, за жал, каде што прерано згасна еден млад живот, треба да нѐ освести, а најмногу прстот во чело да си го стават сите оние кои да ја зајакнат својата политичка моќ, интервернираа на обвинителството и судството. И тоа е нешто кое треба да нѐ опоменува, континуирано. Грешките знаат да бидат фатални, и видовте како тоа се случи. Она кое го добивам по пораки, има неколку случаи кои треба да се истражат слични на овој, и тоа е резултат затоа што немаме системски решенија. А, оние политички некрофили и луѓе кои одлучуваат да печалат политички поени на овој случај, нема да коментирам… оставам на нивната чест и совест.“, изјави Мицкоски.