strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Тошковски: Промени за спасување животи – тестови за дрога, можност за трајно одземање на возило
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > МАКЕДОНИЈА > Тошковски: Промени за спасување животи – тестови за дрога, можност за трајно одземање на возило
МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Тошковски: Промени за спасување животи – тестови за дрога, можност за трајно одземање на возило

Објавено February 7, 2025 13:27
strana.mk
Сподели
Сподели

Името на Фросина Кулакова стана симбол на неправдата која трае предолго, на системот што дозволува неодговорноста да остане неказнива и на итната потреба за промени што не смееме повеќе да ги одложуваме. Нејзиниот случај не потсетува и на една горчлива вистина дека во текот на 2024 година изгубивме 142 животи во сообраќајни несреќи, истакна министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во своето обраќање на седницата на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците на која започна јавната расправа посветена на потребата од измени на законската регулатива со цел зајакнување на безбедноста во сообраќајот. 

Денес не сме овде за политички препукувања тука затоа што изгубивме млад живот што не смееше да биде изгубен, трагедија која не есамо болка на едно смејство туку сурово огледало на реалноста во коај сите живееме оваа трагедија дополнително го разоткри нефункционалниот систем што не успеал да ја заштити безбедноста на граѓаните, систем што дозволувал рецидивисти да бидат на улиците место во затворите и да одзмета човечки животи. Фросина Кулакова не е само име на прекрасна млада девојка која што имаше цели  соништа и живот пред себе, таа стана симбол на неправдата која трае предолго, на системот што дозволува неодговорноста да остане неказнива и на итната потреба за промени што не смеме повеќе да ги одложуваме. Нејзиниот случај не потсетува и на една горчлива вистина дека во текот на 2024 година изгубивме 142 животи во сообраќајни несреќи. Последните три години бројката на загинати во сообраќајни незгоди е нешто помалку од 400, тоа не се само бројки и секој од тие загубени животи е трагедија бидејќи нивната загуба е подеднакво болна и нивната правда е подеднакво важна, рече Тошковски.

Тој доаде дека го разбира гневот на јавноста кој не е само поради една трагедија туку поради системот кој остава простор за неказнивост, селективна правда и луѓе кои повекекратно кршат закони без последици.

Ова не проблем на еден човек, институција или Влада, ова е проблем на целото оппштество и затоа мораме конечно да работиме на решенија што ќе овозможат вистински птомени. Културата на протекционизам на неказнивост создава социопатолошки поведенија особено кај младите. Кога системот испраќа порака дека правилата не важат за сите тогаш добиваме генерации кои веруваат дека можат да прават што сакаат без последици. Но тоа мора да престане, законите не семеат да бидат само мртво слово на хартија, мора да бидат импелментирани и доследно почитуивани, нагласи Тошковски.

Еден од проблемите во сообраќајната безбедност е огромниот расчекор помеѓу бројот на пријавени и осудени прекршители. Овој систем на компромиси и полуправда мора да биде разбиен и да се воведе систем на ефективна контрола и стоги санкции, особено за рецидивистите..

За тоа е потребна институционална вмреженост која овомзможува навремена и ефикасна размена на податоци. Токму затоа како Влада работиме на итна дигитализација и интероперабилност на системите за сите податоци да бидат автоматски достапни на инстуциите за да неможе никој да избега од одговорност. Ова не е само административна промена туку суштинска реформа што ќе донесе вистинска ефикасност и транспарентност на системот. Но ако сакаме вистина ефикасност треба да погледнеме и во себе. Да се запрашаме колкумина од нас седнуваат зад волан после испиени неколку чашки алкохол. Колкумина возат побрзо од дозволеното, колкумина даваат на гас кога ќе светне жоплто светлио насемафорот наместо да кочат, колку татковци гордо се фалат дека нивните синови научиле да возат автомобил пред да положат возачки изпит, колкумина од нас кога ќе направт прекршок прво бараат пријател кој ќе им ја скине казнаат, вели минситерот

Тој подвлече дека проблемот не е само со неказнивоста не е само во законите, туку, вели, што сеуште заедно дозволувма да нема систем, а законот мора да важи еднакво за сите. Фокусот не смее да биде само на законите, на заострување на казните туку во градење на систем кој како што рече, ќе овозможи конкретно елимирање на неказнивоста. Превенцијата е ваќно според него, но подеднакво важно е да имаме ефикасен систем за  евиденција на рецидивистите со строги санкции што навистина ќе се спроведуваат, за да не се дозволи повторување на исти опасни поведенија.

Тој нагласи дека е потребно да се обезбеди дека санкциите се спроведуват доследно и континуирано, а не само периодично при засилени акции на МВР кога е зголемен фокусот на јавноста, што може да се постигне со дигитализација и автоматизација.

За таа цел веќе неколку месеци работиме на целосно и ефикасно имплементирање на системот Безбеден град, кој ќе опвозможи автоматско констатирање на сообраќајните прекршоци преку целосно дигитализирање на процесот при тоа комплетно елиминирајќи го човечкиот фактор и можноста за злоупотреби. Исто така, испланиравме средства за поставување на камери и во другите градови низ државата така што овој систем од “Безбеден град“ ќе прерасне во “Безбедна држава“, нагласи министерот Тошковски.

Во делот на законските измени, тој сметам дека е неопходно ревидирање на законските одредби кои ги регулираат сообраќајните прекршоци.

Сметам дека мора да го ревидираме членот 297а од Кривичниот законик кој се однесува на безобѕирно возење, односно јасно да се разграничи од постоечките одредби кои регулираат сообраќајни прекршоци во ЗБСП во делот на брзото возење и наместо алтернативно да се изрекувва парична казна, истата кумулативно да се изрекува со казна затвор. Мора да се предвиди и инкриминирање на управување на моторно возило без положен возачки испит, затоа што бројките се страшни – во 2022 година биле констатирани 16.359 прекршоци за управување на моторно возило без возачка дозвола, во 2023 година 19.885, а во 2024 година 19.000 прекрошци. Исто така размислуваме и за воведување на задолжителна мерка – одземање на возилото при најтешките случаи на безобѕирно возење, подвлече Тошковски.

Во текот на анализите и изработката на промените на законите во делот на сообраќајот, биле воочени вели тој и проблеми и со спротивности помеѓу законите кои ја регулираат оваа материја.

Еден пример е кај забраната за управување со моторно возило. Законот за прекрошци вели дека забраната почнува да тече од денот на евидентирање на истата во возачката дозвола, додека во законот за извршување на санкции стои дека забраната почнува да тече од денот на внесување на истата во досието на возачот. Друг проблем во овој контекст е што некогаш судовите писмено го известуваат МВР за изречена забрана дури после 3-4 месеци. Затоа, работиме на измени кои ќе го поедностават и забрзаат овој процес и ќе предвидат внесување на забраните во системот преку електронска комуникација на судовите и МВР, се со цел да нема простор за манипулација и ненавремено внесување на забраната, вели Топковски.

Се работи, наведе тој и на проширување на можностите на системот “Безбеден град“ во делот на автоматско санкционирање на нерегистрирани возила. Во подготвителна фаза се на набавка и на тестови за дрога, нешто што досега никогаш не било имплементирано, а според анализите, возењето под дејство на опојни дроги е исто толку опасно како и возењето под дејство на алкохол.

Нашата одговорност не завршува со оваа расправа. Ова не смее да биде уште еден случај што ќе предизвика бурни реакции, а потоа ќе биде заборавен. Одлуките што ќе ги донесеме сега ќе бидат пресудни за тоа дали ќе изградиме општество во кое владее ред и закон или ќе продолжиме да живееме во средина каде што беззаконието и неказнивоста стануваат норма. Имаме можност што не смееме да ја пропуштиме, можност да направиме вистинска промена – промена што ќе спаси животи, што ќе донесе правда и што ќе обезбеди систем што ќе функционира за сите граѓани, подеднакво, порача Тошковски.

Иницијативата за јавната расправа следува по случајот на Фросина Кулакова, 22-годишна девојка од Неготино која на 29 јануари беше прегазена на пешачки премин на бул. „Партизански Одреди“ од страна на 20-годишниот Васил Јованов од Скопје. На 20-годишниот скопјанец осомничен за смртта на Фросина му беше определена мерка притвор од 30 дена, а за него и претходно имало кривични пријави за друга сообраќајна незгода и за недозволена употреба на дрога.

Според најавите, јавната расправа се очекува да трае околу два часа, а на неа се поканети претставници од Министерството за внатрешни работи, Министерството за правда, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, судии, јавни обвинители, невладини организации, медиуми и останати општествени чинители.

Иницијативата за одржување на јавната расправа беше поднесена во понеделникот од страна на пратеници од владејачките ВМРО-ДПМНЕ, „Вреди“ и ЗНАМ, а поддршка дадоа пратениците од сите политички партии. 

TAGGED:МВРпанче тошковски
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Пријателите се простуваат од Игор Југ: „Не дочека синот да си го видиш, не дочека слобода… нѐ изедоа по затвори“
Следна статија Николоски: Ќе продолжиме со градба на вакви комерцијални објекти, а со самото тоа ќе се интервенира во цената на метар квадратен

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Јадете ги овие три намирници и ќе ослабете до почетокот на летото

Доколку сакате да ослабете до летото, сега е вистинското време да започнете…

May 8, 2025
Дијабетичарите во Македонија немаат доволно инсулински пумпи

Само 300 пациенти со дијабетес тип 1 имаат пристап до инсулински пумпи,…

May 5, 2025

Кјобе: Независноста и кредибилитетот на Народната банка се предуслов за стабилноста

„Силна институционална и оперативна независност на…

May 9, 2025

Малолетничка добивала уцени од соученици – им дала 25.000 евра за да не го тепаат нејзиниот помал брат

Во полицијата во Скопје било пријавено…

May 9, 2025

Градоначалник ќе може да се отповика на референдум во втората и во третата година од мандатот

Граѓаните преку референдум ќе можат да…

May 9, 2025

Пресудата за прегазувањето на Фросина Кулакова на 13 мај

Пресудата за случајот со прегазувањето на…

May 9, 2025

РАЗНО

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Повикувам што повеќе Албанци во јавната администрација, но не се јавуваат за плата од 25.000 денари

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница, одговарајќи на пратеничко прашање од пратеничката на ДУИ, Рина Ајдари истакна дека не…

February 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Нема крај на сообраќајната некултура во Скопје: Возило се движи низ пешачка зона (ВИДЕО)

Срамна и опасна сцена – возило снимено како се движи низ пешачката зона на мостот „Гоце Делчев“. Погледнете го видеото…

April 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Героски: Судија Илија Трпков, да судеше на стадион, знаеш ли како би ти викала публиката?

Некаде во 2020 година, пред воопшто да почнам да пишувам за судскиот процес „Организатори на 27 април“, поточно за случајот…

December 25, 2024
МАКЕДОНИЈА

Видео: Точно на полноќ, стотици огномети го осветлија Скопје

Точно на полноќ, кога официјално пристигна новата година во Македонија, стотици огномети го осветлија Скопје. Ова видео е направено од…

January 1, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?