strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Муртезани: Немаме поголем пријател и поддржувач на нашата европска интеграција од Грција
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > МАКЕДОНИЈА > Муртезани: Немаме поголем пријател и поддржувач на нашата европска интеграција од Грција
МАКЕДОНИЈА

Муртезани: Немаме поголем пријател и поддржувач на нашата европска интеграција од Грција

Објавено February 8, 2025 09:36
strana.mk
Сподели
Сподели

Одговорно тврдам дека немаме поголем пријател и поддржувач на нашата европска интеграција од Грција, истакна министерот за европски прашања Орхан Муртезани, во разговор со дописничката на МИА од Атина, по завршувањето на неговата дводневна посета на Грција, нагласувајќи дека добрососедските односи се заеднички приоритет и имаат потенцијал да се зајакнат и продлабочат.

Муртезани посочи дека ова беше прва официјална посета на Атина на претставник на новата Влада по изборите кај нас, а имаше можност да се сретне и да поразговара со заменик-министерката за надворешни работи Александра Пападопулу и со потпретседателот на грчкиот Парламент и претседател на Комисијата за европски прашања Јоанис Плакиотакис.За МИА оцени дека средбите поминале во одлична и пријателска атмосфера.

Со оглед на тоа што постизборниот период кај нас се совпадна со предизборниот период за евроизборите во Грција пред околу осум месеци и се чинеше дека постои одредено заладување во билатералните односи, министерот за европски прашања, сега оценува дека релациите меѓу Скопје и Атина се пријателски, а „ова пријателство мора и понатаму да се зајакне“.

– Најодговорно можам да тврдам дека овие два дена во Атина се чувствувам како во пријателска земја, многу топло бев примен, на наше располагање беа ставени сите можности и капацитети на Грција да ни помогнат и бидете сигурни дека тоа го прави само земја којашто нè смета за пријател. Ова пријателство мора и понатаму да се зајакне. Добрососедските односи се наш заеднички приоритет, тие мора да се зајакнат. Ние сме земји-членки на НАТО и рамо до рамо придонесуваме за стабилноста во регионот и во светот, така што има многу работи коишто ние треба и мора да ги интензивираме, нагласи министерот.

Со заменичката шефица на грчката дипломатија, акцентот го ставиле токму на прашањата од нивните портфолија – темите поврзани со ЕУ.

-На мојата колешка, заменик-министерката за надворешни работи која е надлежна за европски прашања ѝ се заблагодарив за константната поддршка која Грција ја дава, прво за политиката за проширување, а особено за нашето членство во Европската Унија, бидејќи одговорно тврдам дека Македонија нема поголем пријател и поддржувач на нашата европска интеграција од Грција. Зборувавме за тоа како може на разни начини преку поделба на искуства, грчка експертиза и искуство, прво за тоа како да го забрзаме процесот, како да се подигне процесот на апсорпција на ИПА средствата, како да се продлабочи соработката и искуствата во другите инструменти и фондови на Европската Унија, објасни министерот.

На средбата со Пападопулу станало збор и за продлабочување на билатералните и зајакнување на добрососедските односи во повеќе области.

– Заклучивме дека има огромен потенцијал во области како што се инфраструктура, енергија, дигитализација, сајбер безбедност е исто така една критична инфраструктура, коишто треба да се зајакнат преку билатерални активности и секако дека многу скоро очекуваме во Скопје и грчки експерти кои ќе ни помогнат во одредени области коишто се многу важни за нас и за процесот на пристапување во Европската Унија, посочи министерот.

За средбата Пападопулу-Муртезани, од Министерството за надворешни работи на Грција, преку платформата Икс соопштија дека биле разменети мислења „за начините за натамошно подобрување на соработката за ЕУ прашања“ и ги истражиле можностите за „грчка техничка помош за Република Македонија во рамките на нејзиниот пат кон ЕУ“.

Од МЕП пак соопштија дека била реафирмирана заедничката заложба за унапредување на добрососедските односи и продлабочување на соработката во клучните области од заемен интерес, но и дека акцентот бил ставен на европската интеграција на Македонија, Планот за раст на ЕК за Западен Балкан и Реформската агенда на земјата.

Министерот Муртезани се сретна и со потпретседателот на грчкиот Парламент и претседател на Комисијата за европски прашања, Јоанис Плакиотакис со кој ја разгледале можноста за зајакнување на комуникацијата меѓу законодавните домови на двете земји, а размениле мислења и за билатералните процеси што се предмет на парламентарна процедура, при што се согласиле дека конструктивниот пристап и инклузивниот политички дијалог остануваат клучни во натамошното продлабочување на партнерството.

Во разговорот за МИА, министерот објасни дека при неговите службени посети во странство инсистира да оствари средби и со комисиите за европски прашања, „бидејќи тие се клучни во целиот процес“.

– Особено во нашиот случај, сите тие закони што значат хармонизација на европското законодавство мора да поминат преку комисијата а во комисијата секогаш мора да има поширок не само политички, туку и општествен консензус. Предмет на разговор беше ова, но исто така зборувавме и за обостраната имплементација на Преспанскиот договор и заклучивме дека двете страни треба да ги подобрат координативните активности и напорите во насока на понатамошна имплементација на Преспанскиот договор, објасни министерот за средбата со Плакиотакис.

Со оглед на тоа што Плакиотакис е и потпретседател на Парламентот, Муртезани го покренал прашањето за трите меморандуми за соработка што сè уште не се ратификувани од грчките пратеници, а ова прашање било и споменато и на средбата со Пападопулу.

-Секако и на двете средби побарав информации и ме уверија дека станува збор за процедура што во многу случаи е подложна и на одредени политички ситуации, тоа е процедура која е во тек и треба некогаш да се затвори, меѓутоа заклучивме дека не станува збор за ниту една пречка, којашто би ја спречила понатамошната соработка или јакнењето на билатералните односи, така што очекуваме во иднина и тоа да се заврши, но ние не треба да чекаме и има огромен простор за продлабочување на соработката, објасни министерот за МИА.

Муртезани во Атина пристигна од Брисел, каде што беше во дводневна работна посета и оствари низа средби, меѓу кои и со еврокомесарката за проширување Кос, со претседателот на Европскиот економски и социјален комитет, со генералниот директор на Генерален директорат за проширување и источно соседство и со извршниот директор за Европа во Европската служба за надворешни работи.

TAGGED:грцијаЕУМуртезани
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија „Џо, отпуштен си“ – објави Трамп и му забрани на Бајден пристап до класифицирани информации
Следна статија Алармантна прогноза за Грција и Турција: Цунамито може да биде високо и до 5 метри (ВИДЕО)

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ова се препораките на Институтот за јавно здравје за време на празниците

Институтотт за јавно здравје излезе со препораки за граѓаните за време на…

January 1, 2026
Радосна вест од Детска клиника: Дамјан ја совлада болеста и храбро заѕвони на победничкото ѕвонче

Нова радосна вест пристигна од Клиниката за детски болести во Скопје, каде…

November 22, 2025

Tarazı oyunlarının tarixi inkişafı zamanla dəyişən ənənələr

Tarazı oyunlarının tarixi inkişafı zamanla dəyişən…

March 10, 2026

Master essential tips and tricks for a successful casino experience

Master essential tips and tricks for…

March 10, 2026

Mastering casino strategies Essential tips and tricks from chicken road casino

Mastering casino strategies Essential tips and…

March 10, 2026

Mythos & Millionen Spiele gates of olympus und ergreife deinen Anteil am göttlichen Reichtum.

Mythos & Millionen: Spiele gates of…

March 10, 2026

РАЗНО

МАКЕДОНИЈА

Калајџиев: Никој во државата веќе не го брани Коцевски

Се погласни се критиките и оправдувањата за смена на републичкиот јавен обвинител, Љупчо Коцевски, иницијатива која што владата веќе ја…

February 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Со се колата ме дигнаа – Таксистот Џелили опишува како му го дигнале автомобилот со пајак заедно со него на кровот

Откако вчера на паркингот кај Железничката и автобуската станица му го кренаа такси возилото додека беше качен на автомобилот, Фатмир…

April 29, 2025
МАКЕДОНИЈА

Филков: Јавното обвинителство повеќе нема да биде „затворена кутија“ зад која се кријат одлуки без објаснување

Министерот за правда Игор Филков во Интервју за МИА првата година од мандатот ја оценува како директна борба за враќање…

June 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

Да се надминат меѓусебните делби и да се обединиме: Сиљановска Давкова го честита 11 Октомври

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова упати честитка до граѓаните по повод 11 Октомври – Денот на народното востание. 11 Октомври е…

October 11, 2024
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?