Фудбалерот на Аталанта, Матео Ретеги денес постигна четири гола и е на лидерското место помеѓу стрелците во Серија А.
Дваесет и петгодишниот напаѓач на италијанската репрезентација и Аталанта погоди против Верона во 21., 25., 44. и 54. минута од натпреварот од 24. коло на Серија А.
Ретеги има постигнато 20 гола на 22 натпревари во Серија А, пет повеќе од Мојс Кин од Фиорентина кој е втор на листата голгетери.
Оваа сезона (во октомври) Матео постигна хет-трик во победата од 5:1 над поранешниот негов тим Џенова.
Аталанта летото го купи Ретеги од Џенова за 22+3 милиони евра. Пред да се пресели во Бергамо, напаѓачот немаше ниту хет-трик ниту покер.