Групацијата Телеком Србија објави дека постигнала договор за купување на Нет ТВ плус, ДТХ во Србија и Македонија и лиценцата за правата на Спорт клуб за Западен Балкан од „Јунајтед група“.
„Групацијата Телеком Србија постигна договор за 100 проценти од акциите во Еон ТВ Интернешенл Лтд (холдинг компанија на Нет ТВ плус), бизнисот „директно до дома“ (DTH) во рамките на ЕонСат и Тотал ТВ во Србија и Македонија, како и за одредени права, лиценци и други средства поврзани со каналите Спорт клуб за Западен Балкан за сума од 652 милиони евра“, се вели во соопштението.
Таа аквизиција се очекува да создаде широки синергии, да ги зголеми приходите и да ги намали трошоците.
Тие трансакции се усогласени со стратегијата на Телеком Србија да изгради водечка телекомуникациска компанија во Западен Балкан, при што приходите ќе достигнат три милијарди евра до 2030 година.