strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Љупчо Коцевски руководеќи кадар а ла Шојиќ!
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > МАКЕДОНИЈА > Љупчо Коцевски руководеќи кадар а ла Шојиќ!
МАКЕДОНИЈА

Љупчо Коцевски руководеќи кадар а ла Шојиќ!

Објавено February 12, 2025 11:38
strana.mk
Сподели
Сподели

„Појаснувам дека не се работи за назначување вршител на должноста виш јавен обвинител, туку за определување на времен раководител на Вишото јавно обвинителство Скопје. Според тоа, ве уверувам дека моето постапување во овој случај, како и во целокупното мое работење, е согласно закон, а со цел овозможување на непречено и законито функционирање на јавното обвинителство и заштита на јавниот интерес“.

Вака републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски ја оправдува незаконската одлука на Советот за јавни обвинители за „преземање на функцијата“ шеф на Вишото јавно обвинителство од суспендираниот Мустафа Хајрулахи, коментира Бранко Геровски на Плусинфо. Во сите вчерашни извештаи во медиумите се зборува за новата обвинителка која „ќе раководи“ со ВЈО Скопје до завршувањето на постапката против Хајрулахи.

Како јавен обвинител, Љупчо Коцевски би требало да го знае Законот за јавно обвинителство наизуст. Во тој закон се регулираат начинот на избор и разрешување на јавните обвинители и сите други битни статусни прашања на носителите на оваа одговорна функција.

За жал, Коцевски или не го научил Законот, или можеби има причини поради кои измислува некакви нови толкувања на законските одредби, за да оправда една скандалозна незаконска одлука.

И бидејќи човек се учи дури е жив, нели, би сакал уште еднаш да му појаснам на обвинителот Коцевски што вели Законот.

Во членот 25 став 3 јасно и прецизно пишува: „Ако на јавниот обвинител на јавното обвинителство му е истечен мандатот, му престанала функцијата или е разрешен, Советот на јавни обвинители на Република Македонија со одлука донесена од мнозинство гласови од вкупниот број членови на Советот, определува јавен обвинител од редот на јавните обвинители во тоа јавно обвинителство, кој ќе ја врши должноста до изборот на јавен обвинител во тоа јавно обвинителство, а ги исполнува условите за јавен обвинител на тоа обвинителство, но не подолго од шест месеци“.

На обвинителот Хајрулахи мандатот не му е истечен. Тој не е разрешен. И не му престанала функцијата по сила на Законот. Според тоа, не постои законски основ Советот за јавни обвинители да определи друг јавен обвинител да ја врши должноста до изборот на нов јавен обвинител.

Како што детално објаснив и во мојот вчерашен напис на оваа тема, во случајот на Хајрулахи, евентуално можело да се примени членот 25 став 2 од Законот, кој вели: „Јавниот обвинител на Република Македонија, вишиот јавен обвинител на вишо јавно обвинителство, основниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и основниот јавен обвинител на основно јавно обвинителство за време на нивно отсуство ги заменува јавен обвинител од тоа обвинителство, што тие ќе го определат со годишниот распоред за работа“.

Законот прецизно кажува дека определувањето обвинител кој ќе го заменува Хајрулахи за време на неговото отсуство е негов прерогатив. Тоа не е надлежност на републичкиот јавен обвинител, а најмалку на Советот на јавни обвинители.

Таква одлука веќе е донесена. Во годишните распореди на скопското Вишо јавно обвинителство за 2024 и за 2025 година (колку што знам, неоспорени од никого), отсутниот Хајрулахи го менуваат двајца обвинители од ова обвинителство – Јован Цветановски и Наташа Гоџовска. По суспендирањето на Цветановски, ова обвинителство и понатаму си има легитимен обвинител кој го менува шефот додека тој отсуствува – тоа е Наташа Гоџовска.

Ниту имало потреба, а ниту разумни причини, републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски и Советот за јавни обвинители да измислуваат нови толкувања на Законот за јавно обвинителство и да бараат начин како да востоличат некој нов шеф на ова обвинителство. Кој, според Коцевски, ќе да ти бил само „времен раководител“?!

Законот за јавно обвинителство не познава нешто што се нарекува „преземање на функцијата“. Постои разрешување, постои престанок на функцијата, но не и „преземање“. Тоа е глупава измислица.

Никаде во Законот не постои функција што се нарекува „времен раководител“ на јавно обвинителство. Тоа е уште поглупава измислица.

Со вакви измислици, обвинителот Коцевски наумил да ги оправда бруталното кршење на Законот за јавно обвинителство. Небаре сите во оваа земја сме неписмени и недоветни, па не умееме да го прочитаме и да го разбереме овој закон.

Се надевам дека сите ќе се согласиме дека републички јавен обвинител на оваа земја може да биде само добро едуциран правник. Некој што го завршил Правниот факултет во редовниот рок од 4 години, по можност со просек над 8,00. Тоа е мојот основен критериум. Да не претерувам? Може ли да претпоставам дека Љупчо Коцевски ги исполнува тие критериуми?

Смеам ли да речам дека како образован правник, тој мора да ги знае сите одредби и сите нијанси на Кривичниот законик, на Законот за кривична постапка, на Законот за јавно обвинителство, на Законот за јавнообвинителска служба и по можност уште некој закон, плус две-три стихотворби од македонски автори како факултативна обврска?

Претседател на куќен совет можеби може да си дозволи своите одлуки да ги толкува без повикување и цитирање на конкретни законски одредби, а потоа да ги убедува комшиите дека работи во интерес на зградата или селото, а „сè со цел да овозможи непречено функционирање“ на лифтовите или на селските терени за голф, на пример.

Но, таквото постапување на еден јавен обвинител, згора и најглавен, е недозволено.

Па зошто тогаш нашиот „руководеќи кадар“ во Јавното обвинителство нè матуфи во стилот на Шојиќ?

Се сеќавате, нели, на оној впечатлив комичен лик, Шојиќ, што ни го доловуваше сега веќе покојниот Лане Гутовиќ…

Во сите изјави на Коцевски, во сите објаснувања и неформални брифирања од Советот за јавни обвинители, во одбрана на нивната скандалозна одлука, јас не прочитав повикување и цитирање на ниту еден член од Законот за јавно обвинителство. Па тоа е страшно! Таквото однесување е правен волунтаризам, којшто може да се толкува или како последица на непознавање на законите, или можеби на причини кои можат да се објаснат само со онаа позната Шојиќева реплика: „Све због предузеќа“.

Но, не сакам да се занимавам со претпоставки. Верувам дека во постапката за разрешување на обвинителот Коцевски, што ја иницираше Владата, ќе се откријат вистинските причини поради кои тој на Советот на јавни обвинители му предложил функцијата шеф на Вишото јавно обвинителство Скопје да се „преземе“ на незаконски начин, со поставување некаков „времен“ руководеќи кадар.

И уште поважно, убеден сум дека активностите за негово разрешување ќе доведат и до интензивна дебата за сите други слабости во Јавното обвинителство, поради кои Коцевски мора да биде разрешен, ако веќе нема намера самиот доблесно да се повлече од функцијата. Незаконската одлука за назначување нов шеф на скопското Виши јавно обвинителство е само една од повеќето причини поради кои Владата одлучи надлежниот ресор да покрене активности за разрешување на републичкиот јавен обвинител.

А и време беше…

TAGGED:Љупчо Коцевски
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Телеком Србија ги купи Нет ТВ плус, ДТХ и лиценците за правата на Спорт клуб за Западен Балкан за 652 милиони евра
Следна статија Голема акција против мафијата во Италија, Палермо под опсада, уапсени 130 лица

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ова се препораките на Институтот за јавно здравје за време на празниците

Институтотт за јавно здравје излезе со препораки за граѓаните за време на…

January 1, 2026
Радосна вест од Детска клиника: Дамјан ја совлада болеста и храбро заѕвони на победничкото ѕвонче

Нова радосна вест пристигна од Клиниката за детски болести во Скопје, каде…

November 22, 2025

Tarazı oyunlarının tarixi inkişafı zamanla dəyişən ənənələr

Tarazı oyunlarının tarixi inkişafı zamanla dəyişən…

March 10, 2026

Master essential tips and tricks for a successful casino experience

Master essential tips and tricks for…

March 10, 2026

Mastering casino strategies Essential tips and tricks from chicken road casino

Mastering casino strategies Essential tips and…

March 10, 2026

Mythos & Millionen Spiele gates of olympus und ergreife deinen Anteil am göttlichen Reichtum.

Mythos & Millionen: Spiele gates of…

March 10, 2026

РАЗНО

МАКЕДОНИЈА

Таравари на пациентите им вети лекови на Онкологија до крајот на наредната седмица

Претставници на Здружението Хема-онко вчера оствариле средба со министерот за здравство Арбен Таравари. Состанокот бил планиран пред актуелните случувања на…

January 25, 2025
МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Мицкоски: Исполнето е едно од клучните ветувања на Владата, општините го добиваат првиот дел од 250 милиони евра за реализација на капитални инвестици

Денес е потпишувањето на договорите помеѓу владините министерства и единиците на локална самоуправа, поточно општините кои учествуваа во јавниот повик,…

October 27, 2024
МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Мицкоски со честитка за Илинден: Да ја продолжиме борбата, но со знаење, визија и одговорност

Илинден е темелот врз кој се изгради современата македонска државност. Илинден е вистината за Македонија која живее. Тоа не е…

August 2, 2025
МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

За Муцунски Протоколот со Бугарија е еден од најштетните документи во нашата историја

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски вели дека развојот на состојбата со  иницијативата за оценување на уставноста и законитоста …

July 26, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?