Комплетирани се сите први натпревари од осминафиналето на Лигата на Европа, кои ветуваат уште поголеми возбудувања во реваншите за седум дена.
Дербито на вечерта се одигра на „Драгао“ каде Порто и Рома ремизираа 1:1 (0:1).
Најдобар играч на натпреварот беше Зеки Челик, кој длабоко во надополнувањето на првото полувреме и донесе предност на „волчицата“.
Рома одигра многу добро тактички против Порто, но киксираше дури во 67. минута кога домаќините креираа контранапад, од кој Франциско Моура израмни од далечина.
Само шест минути подоцна, Брајан Кристанте доби втор жолт картон, но Рома се одбрани во последните минути. Проблем за Рома е повредата на Паоло Дибала, според првичните информации Аргентинецот посериозно се повредил.
Предност на домашен терен ќе има ФЦСБ. Романците на „Тумба“ во Солун го победија ПАОК со резултат 2:1 (0:1).
Домашниот тим уште на стартот ја оправда улогата на фаворит и поведе во 21. минута со голот на Самата.
Сепак, еден од најдобрите играчи, Таисон, беше исклучен во судиското надополнување на првиот дел, а Романците ја предноста ја искористија во вториот дел.
Веќе во 50. минута Георгита го израмни резултатот, додека 10 минути подоцна Дава го комплетираше пресвртот и му донесе значајна предност на ФЦСБ пред реваншот во Букурешт.
Галатасарај доживеа дебакл во Алкмар, АЗ славеше 4:1 (2:1).
Холанѓаните поведоа во 12. минута преку Мијнанс, но осум минути подоцна израмни Салаи.
Сепак, во 37. минута Перо има ја врати предноста на домаќините. Проблемите за Галата се зголемија кога во 51. минута Ајхан доби црвен картон. .
АЗ тоа го материјализираше преку Класи и Волф во 57. и 66. минута за големи +3 во пресрет на реваншот на Босфор.