Родилката од Дебар Јилдиз Веапоска која остана без матка, бубрег и јајник, судницата ја напушти со солзи. Дешното рочиште закажано после цели 10 месеци, повторно беше одложено. Одбрана на прво обвинетите лекари Мухамед Асани, поранешен директор на струшката болница и неговиот син Блертон Асани го спори супервештачењето кое се чекаше безмалку една година, а требаше да го изработи судско медицински одбор од Медицинскиот факултет во Скопје. Во случајов потписници на овој важен документ се еден професор од Медицинскиот факултет во Скопје и двајца надворешни членови.
„Сега ќе треба од страна на институцијата да се произнесат дали при формирањето на тимот имало некакви пречки поради што се барани надворешни членови, или се скокнати членовите од некоја неоправдата причина.Меѓутоа заради таа цел го дадовме на произнесување и откако ќе го добијам одговорот ќе одлучам дали вештачењето ќе биде прифатено како доказ или не” вели судијата Јордан Јованов
Не верувам дека Медицински факултет ќе направи таков аматерски, почетнички чекор ова се потези на очајници-вели адвокатот на Веапоска.
„Знаете што е суштината овде, овде е суштината што супервештачењето покажува кој направил пропусти во оперативниот зафат“ вели Сашо Јанев,адвокат на Веапоска
Од мене направија инвалид – неутешна е Веапоска која три години чека правда, а има само една желба.
„Да има пресуда и да има затвор, да нема условна казна и еднаш засекогаш да знаат докторите дека ако има лекарска грешка таа грешка треба да биде пресудена и треба да имаат одговорност за секое сторено кривично дело“ вели Јулдиз Веапоска-родилка од Дебар
Скандалот со родилката се случи на 31 август 2020-та година, делото застарува во 2026-та година, судијата уверува дека до тогаш ќе има пресуда.