strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Народни верувања за Сретение: Денеска мечката излегува од дупката, ако сакате животот да ви се промени на подобро – направете го ова
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > ЗАБАВА > Народни верувања за Сретение: Денеска мечката излегува од дупката, ако сакате животот да ви се промени на подобро – направете го ова
ЗАБАВА

Народни верувања за Сретение: Денеска мечката излегува од дупката, ако сакате животот да ви се промени на подобро – направете го ова

Објавено February 15, 2025 09:24
strana.mk
Сподели
Сподели

Православните верници денеска го одбележуваат празникот Сретение Господово, еден од 12-те големи црковни празници, заедно со Рождество, Богојавление, Воскресение, и како и тие, има длабока спасителна смисла.

Реалниот настан врз кој се темели длабоката содржина на овој празник е расказот за Симеон, кој по неговата средба со Бога беше наречен Богопримец. На овој старец преку ангел му било кажано дека нема да умре дури не го види ветениот Помазаник, Месијата. На неговото чекање доаѓа крај 40 дена по раѓањето на Исус Христос. Според Мојсеевиот закон, во тој ден секое првородено машко дете се носело во Ерусалимскиот храм. На тој ден, во храмот, се случила средбата на свети Симеон и Богочовекот Исус Христос, и тоа е првата средба лице в лице на човекот со Бога. Длабоката смисла на овој празник се состои токму во таа оттогаш отворена можност за општење со наднебесниот Бог лице в лице.

Сретение меѓу народот се толкува како ден кога се спојуваат зимата и летото. Понекогаш се нарекува и пресврт на годината, бидејќи на овој ден зимата се врти во лето. Затоа се вели дека кога зимата и летото ќе се сретнат на Сретение, зимата му вели на летото: „Ти ми даваш голи и боси луѓе, а јас ти давам облечени“, а летото одговара: „Точно, но тие многу повеќе ми се радуваат отколку тебе“.

Од овие приказни евидентна е старата народна поделба на годината на зима и лето.

Се верува дека на овој ден мечката излегува од своето засолниште и бара сенка. Ако има, тогаш се врти и се враќа во пештерата да спие уште шест недели, колку ќе трае зимата. Ако нема сенка, тогаш талка во шумата во потрага по храна.

Врапчињата ги избираат невестите до Сретение и на денешен ден се венчаваат и тогаш се најгласни и најбучни, бидејќи не живеат долго, браковите им траат кратко, па младенците избегнуваат да се венчаат на Сретение.

Девојките внимаваат со кого прво ќе се сретнат наутро, бидејќи се верува дека идниот младоженец ќе личи на машката личност што ја запознале тоа утро.

Овој празник е крсно име на одредени родови, а абаџии го земале како крстен назив на еснафот.

Празникот Сретение Господово се нарекува Свеќи во католичките и протестантските земји (од латински, Festum candelarum – празник на свеќите). Во Италија, Kandelora се смета за последен ден од зимата. И таму на овој ден се предвидува времето. Според верувањата, ако врне снег или дожд – нема да има повеќе зима, а ако грее сонце – ќе има повеќе студено време.

На Канделора се осветуваат свеќи, кои се чуваат во перница и се палат само во случаи на екстремна неволја, ако некој од домаќинството или домашно животно се разболи, а се верува дека од неговиот пламен и чад веднаш заздравуваат.

TAGGED:ПразникСретение господовоцрква
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Летово може да здивнеме: И во мај нема да проработи системот ЕТИАС со кој ќе ни наплаќаат влез во ЕУ
Следна статија „Розите се црвени… ќе ве депортираме“: Честитка од Белата куќа за Денот на вљубените

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Има клиники каде 20 проценти од вработените се на боледување, а посебен проблем имаме со боледувањата во полиција, царина и одбрана

Од Фондот за здравствено осигурување ќе иницираат и измени на Законот за…

July 3, 2025
Во Македонија има повеќе здравствени осигуреници од жители во државата

Во Македонија има повеќе здравствени осигуреници отколку жители во државата според последниот…

July 3, 2025

Денеска ВМРО-ДПМНЕ ќе одлучува за кандидати за градоначалници на претстојните локални избори

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ денеска напладне…

July 6, 2025

Македонските малолетници „дремат“ по пет часа на интернет дневно!

Анкетата на АЕК е спроведена од…

July 6, 2025

(ВО ЖИВО) Изјава на Мицкоски на промоција на противпожарни возила во Криволак

Изјава на премиерот Христијан Мицкоски на…

July 6, 2025

Роналдо не сакал да го засени погребот на Жота и затоа не дошол

Најголемата португалска ѕвезда и капитен на…

July 6, 2025

РАЗНО

ЗАБАВА

Изненадување во Кан: Дензел Вашингтон ја доби почесната Златна палма

Американскиот актер Дензел Вашингтон доби ненајавена почесна Златна палма на Канскиот филмски фестивал во понеделник вечерта, како признание за неговата…

May 20, 2025
ЗАБАВА

Погледнете како изгледа 3Д печатеното кафуле (ВИДЕО)

„Старбакс“, еден од најпознатите синџири кафулиња во светот, ја отвора својата прва продавница изградена со 3Д печатење. Објектот се наоѓа…

May 3, 2025
ЗАБАВА

Овенот го заобиколуваат проблемите, а Ракот бара дополнителен ангажман

Овен Најдобро е да се фокусирате на вашите должности и да не ги критикувате другите. Односот со партнерот е стабилен,…

November 25, 2024
ЗАБАВА

Невин 46 години лежел во затвор – ќе добие 1,4 милиони долари отштета

Јапонец осуден за четирикратно убиство и кој поминал 46 години чекајќи смртна казна, ќе добие отштета од 1,4 милиони долари,…

March 25, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?