strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Филков: Нашата одлука да го разрешиме Коцевски не е само правна, туку и морална – потребно е да се создаде нова атмосфера на професионализам и почит во институцијата
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > МАКЕДОНИЈА > Филков: Нашата одлука да го разрешиме Коцевски не е само правна, туку и морална – потребно е да се создаде нова атмосфера на професионализам и почит во институцијата
МАКЕДОНИЈА

Филков: Нашата одлука да го разрешиме Коцевски не е само правна, туку и морална – потребно е да се создаде нова атмосфера на професионализам и почит во институцијата

Објавено February 15, 2025 12:10
strana.mk
Сподели
Сподели

Министерот за правда Игор Филков осврнувајќи се на предлогот за разрешување на државниот јавен обвинител ,Љупчо Коцевски вели дека негова оставка би била логичен и неопходен чекор за зачувување на интегритетот на правосудниот систем доколку е нарушена довербата или ако има доволно аргументирани причини за неговата одговорност.

Овие резови, реформи и трансформации нема да бидат лесни и секогаш ќе има страна која ќе критикува. Кај широката јавност пак, се чувствува нетрпение, сите сакаат уште побрзо ефикасни решенија кои ќе го унапредат системот, на кој ќе му веруваме сите ние како граѓани. Но ќе треба трпение, знам дека нема назад, одиме само кон вистинскиот пат, кој најчесто е најтежок и најдолг за жал, вели Филков во интервју за МКД.мк.

Вели дека во однос на државниот јавен обвинител, неговата одговорност е клучна за правилното функционирање на правосудниот систем и довербата на граѓаните во институциите.

Секое мислење од Советот на јавни обвинители е битно за оваа постапка, но важно е да се напомене дека Министерството за правда и Владата нема да се водат исклучиво од мислењата на еден орган, ако тоа значи дека се поддржуваат лица кои не го исполнуваат својот мандат на соодветен и професионален начин. Ако Советот на јавни обвинители даде негативно мислење за предлогот за разрешување на обвинителот Коцевски, тоа нема да значи дека постапката е завршена. Министерството за правда и Владата имаат обврска да ги преземат сите законски мерки и да го почитуваат процесот предвиден во Законот за јавното обвинителство, вклучително и можноста за покренување на постапка пред Собранието на Македонија, посочи Филков.

Министерот тврди дека во изминатиот период сме биле сведоци на низа скандали, нарушена функционалност на Јавното обвинителство, нарушени меѓучовечки односи, незаконски постапувања и корупција, неефикасност во кривичното гонење и повреда на принципите на организација на Јавното обвинителство и самостојноста во вршењето на функциите на обвинителите во Вишото јавно обвинителство.

Одлуката за разрешување на Љупчо Коцевски како државен јавен обвинител не е донесена лесно, но е неопходна. Како Влада, но и како министер за правда, имаме обврска да осигураме дека сите институции, вклучувајќи го и обвинителството, ќе работат во согласност со законите, професионално и со највисоките морални стандарди. Коцевски, како јавен обвинител, направи сериозни грешки во вршењето на својата функција, а едната од најголемите е неговото однесување при поставувањето на в.д. виш обвинител, без да се придржува кон утврдените процедури. Ова не само што е правен пропуст, туку и удар врз принципите на транспарентност и правична распределба на должностите. Поставувањето на в.д виш обвинител, без да се постапи по законски утврдените критериуми, претставува сериозно нарушување на интегритетот и функционалноста на обвинителството. Тоа не само што ги доведува во прашање правата на вработените, туку и самата ефикасност и независност на институцијата, вели Филков.

Дополнително, министерот Филков укажува дека во случајот со Коцевски, постоеле наводи и докази дека неговото управување со Обвинителството довело до влошување на внатрешната атмосфера, што го нарушува довербата и ефикасноста на работата на обвинителите.

Професионалните и етичките стандарди треба да бидат на прво место, и кога тие се загрозени, мора да се интервенира. Доколку некој, а особено високи функционери во правосудството, не успеваат да создадат соработка и здрави меѓучовечки односи во институцијата, тоа директно ја поткопува нејзината ефикасност и интегритет. Затоа, нашата одлука да го разрешиме Коцевски не е само правна, туку и морална – потребно е да се создаде нова атмосфера на професионализам и почит во институцијата, каде што ќе се обезбеди ефикасност, независност и правда за сите граѓани, изјави Филков во интервјуто.

TAGGED:игор филковЉупчо Коцевски
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Меџити: Вкупно 1500 здравствени работници ќе добијат решенија за работа, без разлика кој ги вработил
Следна статија Премиерот Мицкоски оствари средба со претседавачот на Минхенската конференција за безбедност, Хојзген и со хрватскиот премиер Пленковиќ

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најчестите знаци на анксиозност кај децата

Анксиозноста кај децата честопати не е толку очигледна како кај возрасните. Наместо…

August 4, 2025
Допаминот во нашиот мозок не функционира како што се сметаше досега

Допаминот е еден од најпознатите хемиски гласници во мозокот, но научниците продолжуваат…

August 4, 2025

Лавров: Киев го издигна неонацизмот на ниво на државна политика

Украинскиот режим го издигна неонацизмот на…

September 23, 2025

Филипче најави дека в четврток ќе ја презентираат драфт верзијата на Резолуцијата за заеднички став за црвените линии и преговорите со ЕУ

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска…

September 23, 2025

Зоран Николов го освои Елбрус, највисокиот врв во Европа

Зоран Николов успеа да го совлада…

September 20, 2025

Тројца уапсени, еден во бегство – фрлиле бомба во двор од куќа во Битола

Битолската полиција денеска до ОЈО Битола…

September 20, 2025

РАЗНО

МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Tелефонски разговор Мицкоски – Лутник: Потврдени цврстите односи меѓу САД и Македонија

Премиерот Христијан Мицкоски на Фејсбук објави дека вчера телефонски разговарал со американскиот државен секретар за економија Хауард Лутник за македонско-американското…

April 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Културата е темелот врз кој се гради една нацијa

„Отворањето на новата поставка во Националниот археолошки музеј не е само културен чин, туку и силна порака дека Македонија ја…

September 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ердоган: Нашите односи над 30 години се цврсти како што е цврст и Камениот мост во Скопје

Потпишувањето на политичката декларација за основање на совет за соработка на високо ниво помеѓу Турција и Македонија е многу значаен…

February 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

Антикорупциска потврди дека премиерот Мицкоски не го носел синот во САД со државни пари

Државната комисија за спречување на корупцијата констатираше дека нема основа за постапка за службените патувања на премиерот Мицкоски во Њујорк…

October 9, 2024
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?