Најмалку 18 лица, од кои 10 жени и три деца, загинаа, а 10 се повредени во стампедо на железничка станица во Њу Делхи, јавија денеска индиските медиуми.
Инцидентот се случил околу 20:00 часот по локално време, на две перони додека патниците чекале да се качат на воз за градот Прајаграж, привремена населба формирана за да ги прими посетителите на фестивалот Маха Кумб.
Индиската железница претходно денеска негираше дека имало стампедо, но потврди дека неодреден број луѓе се повредени и пренесени во болница.
Десетици луѓе загинаа во стампедо на фестивалот Кумб во северна Индија кон крајот на минатиот месец.
#BreakingNews: नई दिल्ली रेलवे स्टेशन भगदड़ पर PM मोदी ने जताया दुख#NewDelhi #NewDelhiRailwayStation | New Delhi Railway Station pic.twitter.com/2yTAg4eaTY
— AajTak (@aajtak) February 15, 2025