Скопјани беа пријатно изненадени кога се разбудија утрово и видоа дека паѓа снег. Снегот се уште паѓа иако е мала веројатнотоста дека ќе се задржи бидејќи температурата е над нулата.
Според прогнозата на УХМР, во наредните денови ќе биде облачно со повремени врнежи, на планините и на некои повисоки места од снег, а во пониските од дожд и услови врнежите повремено да преминуваат во снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Од вторник облачноста ќе се намалува, а од среда времето ќе биде претежно сончево со ниски утрински температури, информира УХМР.



