Победата на Барселона над Рајо Ваљекано крена голема прашина и донесе промени на табелата во шпанската Ла Лига.
Каталонците славеа на „Монжуик“ со 1:0, а единствен стрелец беше Роберт Левандовски, кој реализираше пенал во 28. минута.
Пеналот беше досуден откако судијата Мелеро по прегледувањето на видеото од ВАР покажа на белата точка. Тој оцени дека Папе Сис неправилно го запрел Мартинез.
Неколку минути претходно слична ситуација се случи во шеснаесетникот на Барса, Форт го држеше Мумин, но од ВАР собата не се огласија, а во финишот на првиот дел кога Де Фрутос го совлада Шчесни, судиите во ВАР собата пријавија дека на голот му претходел фаул на Нтека врз Мартинез.
Шпанците брзо спроведоа истражување и открија дека табелата ќе изгледа поинаку без присуство на ВАР технологија.
Без ВАР технологија Реал би имал девет бода повеќе.
Сепак, реалноста вели дека блауграна сега е на првото место со идентичен број бодови, но подобра гол разлика од Реал.