Македонскиот борец Марко Трајановски го освои златниот медал на Европското младинско првенство во ММА што се одржува од 14 до 23 февруари во Белград.
Трајановски оствари четири победи во категоријата до 83,9 килограми, во која ги „нанижа“ Георги Савов од Бугарија, Илин Давид од Романија, Доменико Вискуси од Италија и Тимур Руснак од Украина.
Интонирањето на химната на Република Македонија во чест на новиот европски шампион на линкот.