Данскиот судија Јеспер Мадсен вчера се онесвести на паркетот во „Веспрем Арена“ во Унгарија, во тек на мечот од Лигата на шампионите меѓу домашниот тим на Веспрем и португалски Спортинг.
Како што пишуваат регионалните медиуми, Мадсен на крајот на првиот дел загуби свест. Кратко потоа дојде при себе и веднаш ја напушти салата на носилки.

Итно беше пренесен во болница, а неговиот колега Мадс Хансен продолжи сам да го води мечот до крајот.
Судиите Мадсен и Хансен беа делители на правдата што предизвикаа многу реакции со своето судење на мечот меѓу Македонија и Холандија на СП 2025 во Вараждин, Хрватска.