Обвинителката Ана Стојковиќ Димитровска по денешното рочиште рече дека нема дилеми од снимките од домот на обвинетиот Велибор Манев покажуваат оти групата добро знаела што прави и оти биле подготвени за двете убиства.
Сите обвинети биле добро подготвени за извршување на кривичното дело, најпрво за Панче Жежовски каде се собираат во домот на Велибор Манев во раните утрински часови пред да тргнат. На снимките се гледа дека учествуваат сите четворица, нема дилема во нивниот лик. Исто така сите комуницираат со Мотороли, односно со радио станици.