Просечната цена на метар квадратен на нов стан во Црна Гора за четвртиот квартал од 2024 година е 1.936 евра, објави Црногорскиот завод за статистика (Монстат).
Купувачите на нов стан во крајбрежниот регион на Црна Гора морале да платат во просек по 2.076 евра за метар квадратен, а оние кои купиле стан во главниот град Подгорица морале да платат 1.938 евра за метар квадратен, се вели во извештајот.
Квадратниот метар нов стан во централниот дел на Црна Гора бил значително попристапен и изнесувал 935 евра, додека во северниот регион не е забележана продажба на нови станови.
При пресметување на просечната цена на метар квадратен на нов стан, се земаат предвид само становите кои првпат се продаваат на пазарот или за кои првпат е склучен купопродажен договор.
Просечната цена на метар квадратен на нова станбена зграда во значителна мера зависи од учеството на становите што спаѓаат во категоријата солидарна станбена изградба.
Доколку учеството на овие станови е поголемо, просечната цена на стан во нова зграда ќе биде значително пониска и обратно, се додава во извештајот.