strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Терористички напад во Франција: Еден загинат, неколкумина повредени, напаѓачот извикал Алах Акбар
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > СВЕТ > Терористички напад во Франција: Еден загинат, неколкумина повредени, напаѓачот извикал Алах Акбар
СВЕТ

Терористички напад во Франција: Еден загинат, неколкумина повредени, напаѓачот извикал Алах Акбар

Објавено February 22, 2025 20:27
strana.mk
Сподели
Сподели

Едно лице е убиено, а двајца полицајци се тешко повредени во напад со нож за време на протест во источна Франција, соопшти локалното обвинителство.

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека „без сомнение, станува збор за чин на исламистички тероризам“.

Напаѓачот нападнал полицајци во градот Милуз, извикувајќи „Алаху Акбар“, објави Националното обвинителство за борба против тероризмот (PNAT).

При нападот загинал случаен минувач кој се обидел да интервенира.

Осомничениот, кој бил уапсен, бил на списокот за терористички закани, изјави обвинителот Никола Хец. Станува збор за база на податоци создадена во 2015 година по нападите врз редакцијата на сатиричниот магазин „Шарли Ебдо“ и еврејска продавница.

Еден од тешко повредените полицајци има повреда на каротидната артерија, а другиот на градниот кош, додаде Хец.

Францускиот министер за внатрешни работи Бруно Ретајо беше најавено дека ќе ја посети локацијата на нападот во текот на денот.

Полицијата воспостави безбедносен кордон откако нападот се случил малку пред 16 часот, за време на протест во знак на поддршка за Конго.

Според полициски извори, осомничениот е државјанин на Алжир, кој бил под судски надзор, во куќен притвор и со наредба за депортација од Франција.

Градоначалничката на Милуз, Мишел Лиц, изјави дека „ужасот го потресе градот“ и додаде дека нападот се истражува како терористички акт, но конечната одлука ја има судството.

Француското обвинителство за борба против тероризмот (PNAT) ја презеде истрагата.

TAGGED:еден убиенемануел макрронповреденитерористички нападфранција
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Нема веќе “ногомет” : На Арена ќе гледаме фудбал на македонски јазик
Следна статија Папата Франциск во „критична“ состојба

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Десет пациенти од пожарот во Кочани примија ПРП терапија без да патуваат до Скопје

Директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски попладнево преку социјалните мрежи…

June 18, 2025
Во мај пријавени се три случаи потврдени на ХИВ и два случаи на СИДА

Во текот на мај, во државава пријавени сe вкупно 902 заболени лица…

June 17, 2025

Мицкоски: Кандидатот за градоначалник за Скопје ќе се знае во јули, а со ЗНАМ се преговара

Претседателот на Владата и лидер на…

June 19, 2025

Инцидент на СДСМ во Кочани: Советник на Венко со стаклено шише повреди правничка

Тежок инцидент се случи денеска во…

June 19, 2025

(Видео) Иранска балистичка ракета погоди облакодер во центарот на Тел Авив

Иранска балистичка ракета ја погоди основата…

June 19, 2025

Една пациентка од повредените во пожарот во Кочани сè уште во тешка состојба

Состојбата на повредените во дискотеката „Пулс“…

June 19, 2025

РАЗНО

СВЕТ

Џеј Ди Венс: Преговараме за крај на војната, тоа не е попуштање пред Русите

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс одговори на тврдењата дека администрацијата на Трамп попушта пред Русија. Ние преговараме за крај на…

February 22, 2025
СВЕТ

Британија: Луѓе кои никогаш порано не го направиле тоа, почнаа да крадат

Продавниците за храна во Велика Британија забележаа значително зголемување на кражбите од страна на пензионерите во текот на изминатата година…

May 13, 2025
СВЕТ

Земјотрес со јачина од 6,4 степени го погоди Чиле

Земјотрес со јачина од 6,4 степени го погоди Мауле во Чиле, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC). Земјотресот бил на…

December 14, 2024
СВЕТ

(Видео) Лавров за Орешник: Подготвени сме на се

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека употребата на хиперсонична балистичка ракета Орешник во војната во Украина е…

December 6, 2024
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?