strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Анализа: Балтикот и Балканот нови центри за снабдување на Централна Европа со гас
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > БИЗНИС > Анализа: Балтикот и Балканот нови центри за снабдување на Централна Европа со гас
БИЗНИС

Анализа: Балтикот и Балканот нови центри за снабдување на Централна Европа со гас

Објавено February 23, 2025 11:38
strana.mk
Сподели
Сподели

Одлуката на официјален Киев за запирање на транзитот на руски гас преку украинска територија поттикна нова фаза во преобликувањето на гасната политика во Централна Европа, кое почна со војната во Украина во февруари 2022 година, се наведува во анализата на француската Фондација „Роберт Шуман“ насловена „Помеѓу Балтикот и Балканот, новата гасна геополитика“. 

Русија го запре извозот на гас преку гасоводот „Северен поток“ и преку Белорусија во летото 2022 година, а протокот низ Украина беше значително намален пред целосно да престане од 1 јануари 2025 година, со што гасоводот „Турски поток“ остана единствениот што ги снабдува европските земји со руски гас по копнен пат, се потенцира во текстот. 

Во анализата се нагласува дека ваквата гасната криза, што почна во 2022 година, особено тешко ја погоди Централна Европа, каде гасот игра важна улога, особено за затоплување и за функционирање на производствениот сектор.  

Производството на гас благо порасна во Унгарија, Полска и, пред се, во Романија, но добиените количества од таму даваат само скромен придонес за енергетската безбедност на регионот. Покрај тоа, неколку централноевропски земји веќе неколку децении уживаат приходи од транзитни такси за гасот. Конечно, повеќето од нив се без излез на море или имаат мали морски брегови. Сите овие фактори ја прават Централна Европа единствен регион, се додава во текстот. 

Новата реалност во снабдувањето со гас, според авторите на анализата, резултира не само со намалување на дотокот на енергенсот од Русија, туку и со интензивирање на поврзаноста на релација север-југ и зголемување на меѓузависноста на државите од регионот, како и на зависноста од одредени земји членки на ЕУ. 

По руско-украинската криза и запирањето на проектот за гасоводот Северен тек 2, во Германија се забрзуваат подготовките за изградба на инфраструктура за течен гас (ЛНГ) и пред сè терминал за

Доказ за тоа, како што се наведува во текстот, е терминалот за течен природен гас (ЛНГ) во литванскиот град Клаипеда, кој беше клучен за намалување на енергетската зависност на Литванија од Русија и кој сега игра важна улога во снабдувањето со гас на Централна Европа. 

Изградени се неколку гасоводи, со што е зголемена интеракцијата меѓу државите во регионот. Регионот сега има мрежа на терминали и гасоводи што ја зголеми безбедноста во снабдувањето со енергенсот по запирањето на испораките на руски гас, се посочува во анализата. 

Натаму во неа се додава дека по прекинот на дотокот на рускиот гас, на важност добија Германија и Полска како „порти за гас“ од САД, Блискиот Исток и Норвешка.  

Германија ги отвори своите први терминали за ЛНГ како резултат на енергетската криза во 2022 година. Капацитетот на увозот се очекува да се удвои до 2028 година, а германските власти долгорочно сметаат на шест терминали, покрај значителниот капацитет за складирање и поврзувањето со терминалите за ЛНГ во Белгија и Холандија. Заедно, овие капацитети значително ќе ја подобрат улогата на Германија во енергетската безбедност на Централна Европа, се потенцира во анализата. 

Кога станува збор за Полска, таа од 2022 година е поврзана со гасовод со Норвешка, а преку терминалот за ЛНГ во Швиноушче, кој е отворен во 2016 година, таа се снабдува од различни добавувачи, со што стана целосно независна од испораките на руски гас и прерасна во главен центар за снабдување со енергенси на Централна Европа.  

Во моментов се разгледуваат планови за изградба на нов терминал во Гдањскиот Залив. Ваквиот објект дополнително ќе ја зајакне улогата на балтичкото крајбрежје. Улогата на Полска, како центар за енергетско снабдување на регионот ќе биде засилена и со поврзувањето со гасовод со Чешка, наведуваат авторите на анализата. 

Македонија се вклучва во изградбата на терминалот за течен природен гас во близина на Александропулос. Интерсот од нашата страна е изразен, а поддршка за проектот е добиена и од САД.

Од друга страна, покрај од север, гасот пристигнува во Централна Европа и од југ, преку Турција и Балканот, од извори во Азербејџан и Казахстан, со што особено на значење добива Романија, која воедно е единствената земја во овој дел на континентот со значителни резерви на гас. На тој начин, Романија може да стане и центар за поврзување на Азербејџан и грчките гасни терминали од една, и Молдавија и Украина, преку „Трансбалканскиот гасовод“, од друга страна. 

Изграден во време на советскиот период за да ја снабдува југоисточна Европа со руски гас, „Трансбалканскиот гасовод“ сега може да функционира во спротивна насока, снабдувајќи ги Бугарија и Украина, се вели во текстот. 

Но, гасот ги поттикна старите ривалства во регионот, па така, според авторите на текстот, сега Турција и Грција се натпреваруваат која од нив ќе биде „портата“ преку која гасот ќе се транспортира кон Бугарија, а од таму кон Романија и останатите балкански земји. 

Во анализата се посочува дека Грција има се поважна улога во снабдувањето на Централна Европа со гас, особено по нејзиното поврзување централна Европа преку грчко-бугарскиот гасен интерконектор ИГБ и со терминалот во Александруполи. 

Целта на иницијативата „Вертикален гасен коридор“, поддржана од Грција, Бугарија, Романија, Унгарија, Словачка, Молдавија и Украина, е голем дел од Централна Европа да се снабдува преку грчките терминали и „Јужноевропскиот гасовод“. Регионалната интеграција е зајакната и преку договорот „Солидарен прстен“ (СТРИНГ), околу кој во 2023 година се здружија неколку оператори од регионот за да се олесни транспортот на гас од Азербејџан, се наведува во текстот. 

Во анализата се потенцира и дека во отсуство на санкции за рускиот гас, Балканот останува значаен пазар за рускиот енергетски гигант „Газпром“.  

Jавното претпријатие „Србијагас“ и унгарската компанија ФГСЗ на границата со Унгарија денеска го поврзаа гасоводот Балкански поток, преку кој во иднина гасот од Турција преку Бугарија и Србиј

На крајот на 2022 година, Русија обезбедуваше 95 отсто од потребите на гас на Србија (и 25 проценти од потребите за нафта). Србија сепак ја намалува својата зависност од Русија. Таа спроведува политика на диверзификација преку неколку проекти со своите соседи за да го компензира недостигот на крајбрежје на кое би можела да изгради терминал за ЛНГ. Имајќи само едно големо складиште (во Банатски Двор), чиј главен акционер е „Газпром“, земјата постигна договор со Унгарија и Бугарија за користење на нивните складишни капацитети, се вели во анализата. 

Во неа натаму се посочува дека српската компанија „Србијагас“ преку интерконекторот „Ниш-Димитровград“ веќе обезбеди поврзаност преку Бугарија со грчкиот терминал за ЛНГ во Александруполи. 

Врските на Црна Гора, исто така, може да зајакнат со планираната изградба на пловечки терминал за ЛНГ во пристаништето Бар во 2025 година со помош на американски капитал. 

Кога станува збор пак за Хрватска, нејзиниот гасен терминал на островот Крк, кој беше недоволно искористен до 2022 година, има индиректна корист од намалувањата на руските испораки на гас и сега работи со зголемен капацитет, а дополнително земјата планира и поврзување со „Јужноевропскиот гасовод“ со изградба на „Јонско-јадранскиот гасовод“ од албанскиот град Фиер, преку Црна Гора до Сплит. 

Сите овие иницијативи ја консолидираат улогата на медитеранското крајбрежје, како порта на гасот за Балканот и јужниот дел на Централна Европа и се пандан на сличните проекти долж балтичкото крајбрежје. Инвестициите направени за развој на терминали за ЛНГ и проширувањето на гасоводната мрежа во Централна Европа придонесе за зајакнување на меѓусебната зависност на земјите од овој дел на континентот, но за зголемување на улогата на играчи надвор од регионот, како САД и Азербејџан, се нагласува во анализата. 

TAGGED:гасСнабдување
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Пронајдениот труп во Штип е на Славе Димитриевски, штипјанец по кој се трагаше шест месеци
Следна статија Израел: Нема да ги ослободиме 620 палестински затвореници додека Хамас не ги исполни условите

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови правила за „Мој термин“, ќе се знае точно кој каде треба да оди

Министерот за здравство Азир Алиу изјави дека според проценки на стручни медицински…

June 30, 2025
Тројца пациенти повредени во пожарот во Кочани сè уште се надвор од државата

Тројца пациенти повредени во дискотеката во Кочани сè уште се надвор од…

June 29, 2025

Еди Рама во Скопје доследен на својот моден стил

Премиерот Еди Рама е во Скопје…

June 30, 2025

На „шарените“ во Белград откако им пропадна протестот сега блокираат раскрсници

Студентите во блокада во Србија ги…

June 30, 2025

(ФОТО) Mицкоски ги пречека лидерите од регионот

Вечерва имав чест да сум домаќин…

June 30, 2025

Николоски: Во патната инфраструктура изминатата година се направи повеќе отколку во последните девет години

Изминатата година во изградбата на патната…

June 30, 2025

РАЗНО

БИЗНИС

Колку навистина е скап животот во Германија? Ова се шесте најскапи потрошувачки навики, а Германците трошат илјадници евра за нив

Со годишна приватна потрошувачка од околу 1,6 трилиони евра, Германците трошат многу повеќе пари во споредба со ЕУ. nВи ги…

January 26, 2025
БИЗНИС

Милијардер советува: „Доколку сакате да се збогатите, секојдневно правете едно нешто“

Милијардерот Марк Кјубан (66), американскиот претприемач, косопственик на НБА тимот Далас Маверикс и компанијата „2929 Entertainment“ и инвеститор во американското…

March 3, 2025
БИЗНИС

Лидл го зајакнува македонскиот извоз со значителен раст во 2024 година

Над 5 милиони евра е извозот што го реализирале македонски производители преку продажната мрежа на Лидл во 2024 година. Извозниот…

January 29, 2025
БАЛКАН

И Бугарија без гас од Азербејџан

И Бугарија од 7 јануари е без гас од Азербејџан. Како што соопшти во четвртокот бугарската државна гасна компанија Булгаргаз,…

January 11, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?