Со одлука на Министерството за надворешни работи, вчера се отповикани неколку македонски амбасадори.
Станува збор за:
- Мето Белески, Брисел, Кралство Белгија
- Катерина Ставревска, Лондон, Велика Британија
- Зеќир Рамчиловиќ, Подгорица, Црна Гора
- Пајо Авировиќ, ОБСЕ
- Емил Крстевски, Прага, Чешка
- Јакуп Реџепи, Сараево, Босна и Херцеговина
- Агнеза Руси, Софија, Бугарија
- Џенк Сејфула, Стокхолм, Кралство Шведска
- Андреј Жерновски, Букурешт, Романија
Како причина за нивното отповикување е неисполнување на членот 39 од Законот за надворешни работи, поточно бидејќи не ги претставиле дипломатските тези пред Комисијата за надворешна политика пред да бидат упатени за ополномоштени амбасадори.