strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Приведени поранешниот директор на КПУ Затвор Скопје и затворски полицаец, кривични пријави за 10 лица
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > ХРОНИКА > Приведени поранешниот директор на КПУ Затвор Скопје и затворски полицаец, кривични пријави за 10 лица
ХРОНИКА

Приведени поранешниот директор на КПУ Затвор Скопје и затворски полицаец, кривични пријави за 10 лица

Објавено February 27, 2025 20:47
strana.mk
Сподели
Сподели

Поранешниот директор на КПУ Затвор Скопје Ф.А. и затворскиот полицаец  С.К. денеска се приведени поради сомнежи за злоупотреба на службена положба и овозможување бегство на лице лишено од слобода. Тие ќе бидат изнесени пред судија на претходна постапка, а во текот на денов полицијата извршила претреси во нивните домови. Против нив, и уште осум лица се поднесени кривични пријави. 

МВР вечерва соопшти дека Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава до ОЈО за ГОКК против десет лица  и тоа: Ф.А. (42)  за сторени кривични дела „противзаконито ослободување на лице лишено од слобода“ по член 373 од КЗ, „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 од КЗ и „овозможување бегство на лице лишено од слобода“ по член 372 од КЗ, С.К. (53), П.А. (40),  Ѓ.Р. (34), С.П. (48), Т.Н. (37), Е.О. (46), З.М. (35), К.В. (34)  за сторени кривични дела „противзаконито ослободување на лице лишено од слобода“ по член 373 од КЗ и „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 од КЗ, како и против С.К. (33) за сторено кривично дело „овозможување бегство на лице лишено од слобода“ по член 372 став 1 од КЗ, соопшти МВР.

Пријавениот Ф.А., во својство на директор на КПУ Затвор Скопје, во период од март 2024 до 24.07.2024 со намера на противзаконит начин, привремено да ослободи осудени лица кои издржувале затворски казни во КПУ Затвор Скопје, злоупотребувајќи ја својата службена положба дозволил и наредил повеќе осудени лица од висок безбедносен ризик во повеќе наврати да добијат и да се стекнат со поволности кои не им следувале согласно судските одлуки, односно истиот одобрил молби поднесени од осудените лица повремено да го напуштат затворот, по што пријавениот П.А. од позиција на командир на затворска полиција, кој бил задолжен за спровод, иако знаел дека таквиот вид на спровод е спротивен на закон и процедурите за спровод, по добиената наредба од директорот Ф.А., изготвил наредба за спровод на осудените лица до нивните домови и други локации за приватни потреби, по што така  изготвени биле одобрени од страна на директорот Ф.А., а во неколку наврати биле одобрувани од страна на С.К., вработен како затворски полицаец во КПУ Затвор Скопје, личен возач на Ф.А.. Потоа пријавениот П.А. одобрените наредби ги предавал на пријавените затворски полицајци Ѓ.Р., С.П., Т.Н., Е.О., З.М. и К.В. со цел извршување на незаконскиот спровод на осудените лица, иако истите знаеле дека таков спровод на осудено лице до домашна адреса врз основа на молба е спротивно на закон и процедурите и подзаконските акти на законот, сепак го извршиле спроводот, каде што ги ослободувале осудените лица да извршуваат приватни работи, а потоа откако ќе поминел одреден временски период (најчесто 8 до 10 часови) пријавените затворски полицајци ги враќале осудените лица назад во затворот. Кривичното дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ пријавените затворски полицајци го сториле така што за ваквите незаконски спроводи, биле користени службени возила на установата, за што било потрошено службено гориво, а притоа на дел од пријавените затворски полицајци  директорот Ф.А. им одобрувал прекувремени работни часови (вкупно 44 часа исплатена прекувремена работа), со што согласно наведените незаконски дејствија била предизвикана штета на буџетот на Р.С.Македонија, а воедно и мала имотна корист за Ѓ.Р., С.П., Т.Н., Е.О. и З.М..

Пријавениот С.К. во својство на затворски полицаец кривичното дело „овозможување бегство на лице лишено од слобода“ предвидено и казниво по член 372 од КЗ го извршил така што со непреземање на должни мерки и активности при утврдување на бројна состојба на осудени лица, постапил спротивно на член 9, член 13, член 19, член 28, член 44 и член 45 од Правилникот за овластувањата на затворската полиција, начинот на вооружување и вршење на работите на затворската полиција, односно не пријавил одредена група на осудени лица при вршење физички проверки за бројна состојба, при што констатирал дека сите осудени лица биле присутни, односно немало отсутни. Додека при извршена контрола поради ненајавен вонреден надзор од страна на стручни лица на Управата за извршување на санкции, констатирано е дека група од 11 осудени лица не биле пријавени дека не биле присутни, а кои биле сместени во импровизирани простории и тоа: „Возен парк“, „Перална“, „Столара“ и „Котлара“.

Во врска со бегството на групата од 11 осудени лица кои казната затвор ја издржувале во КПУ Затвор Скопје, поради фактот дека пријавениот Ф.А. во својство на директор на установата, иако бил должен да преземе соодветни мерки, во однос на импровизираните простории кои не исполнуваат законски услови за сместување на осудени лица, истиот не ги презел наведените активности и им овозможил на осудените лица да бидат сместени во импровизираните простории без посебен надзор како што налага Законот за извршување на санкции, со што постапил спротивно на член 31 од истиот, а со неговите постапки создал и овозможил услови кои што довеле до бегство на 11 осудени лица, а со наведеното пријавениот Ф.А. сторил кривично дело „овозможување бегство на лице лишено од слобода“ предвидено и казниво по член 372 од КЗ, стои во соопштението од МВР.

Полициската акција следува откако Управата за извршување санкции спроведе контроли за работењето во казнено-поправните установи и констатира злоупотреби во работењето на некои од раководниот кадар во затворите. Сознанијата за тоа беа доставени до МВР и Обвинителството.

TAGGED:апсењашутка
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Падна платниот промет во евра во цела ЕУ
Следна статија Поднесено обвинение за предметот „Адитив“ против 31 лице и пет компании

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ова се препораките на Институтот за јавно здравје за време на празниците

Институтотт за јавно здравје излезе со препораки за граѓаните за време на…

January 1, 2026
Радосна вест од Детска клиника: Дамјан ја совлада болеста и храбро заѕвони на победничкото ѕвонче

Нова радосна вест пристигна од Клиниката за детски болести во Скопје, каде…

November 22, 2025

(ВИДЕО) Нема компромис со криминалот- Мицкоски и Тошковски покажаа дел од запленетата марихуана

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски…

February 10, 2026

(ВИДЕО) Кадриу: СЈО беше штаб на СДСМ – Шекеринска и Заев на рака даваа материјали на обвинителите, без записник

Екс-обвинителката од Специјалното јавно обвинителство, Лејла…

February 8, 2026

(ВИДЕО) Мараја Кери спектакуларна на отворањето на ЗОИ, „Volare“ во сосема нова изведба

Пејачката Мараја Кери знае како да…

February 7, 2026

Албанија ќе гради мигрантски кампови во Пустец каде што живеат Македонци

Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ)…

January 29, 2026

РАЗНО

ХРОНИКА

Запалени гуми пуштени да се тркалаат причина за пожарот кај Желино, МВР е на терен

Во изминатото деноноќие изгаснати се вкупно 30 пожари, шест се активни, а три се ставени под контрола. Добивме информација за…

July 19, 2025
ХРОНИКА

Парче од мобилниот на Вања бил пронајден во „цитроенот“ на Панче

Парче од мобилниот телофон на киднапираната Вања Ѓорчевска било пронајдено во возилото на Панче Жежовски, откри на денешното рочиште поранешениот…

October 16, 2024
ХРОНИКА

Ја нападнал сопругата, а полицијата дома му пронашла цел арсенал на оружје

Единицата за насилен криминал при СВР Скопје, поднесе кривична пријава по брза постапка против А.Р. (29) од Скопје, поради постоење…

June 10, 2025
ХРОНИКА

Почина Зорка Ацкова Метикош, врвна народна уметница од Танец

На 84 годишна возраст, во неделата почина Зорка Ацкова Метикош, врвна народна уметница од „Танец“, а погребот се одржал вчера,…

November 19, 2024
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?