strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Мицкоски и Ердоган потпишаа политичка декларација: Македонија и Турција ќе ја продлабочуваат и интензивираат соработката во сите области
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски и Ердоган потпишаа политичка декларација: Македонија и Турција ќе ја продлабочуваат и интензивираат соработката во сите области
МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Мицкоски и Ердоган потпишаа политичка декларација: Македонија и Турција ќе ја продлабочуваат и интензивираат соработката во сите области

Објавено February 28, 2025 17:04
strana.mk
Сподели
Сподели

Македонија и Турција ќе ја продлабочуваат и интензивираат соработката во сите области на билатерално, регионално и глобално ниво, најавија премиерот Христијан Мицкоски и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган откако денеска во Истанбул потпишаа политичка декларација за основање совет за соработка на високо ниво меѓу владите на двете држави.

Декларацијата беше потпишана при првата официјална посета на Мицкоски на Турција.

– Ова е значаен чекор за односите меѓу двете земји а основите на ова се содржани во документот Стратегија за зајакнување на билатералните односи меѓу Македонија и Турција потпишан уште во 2008 година. Со цел да го развиеме стратешкото партнерство донесовме одлука за основање совет на високо ниво чија цел е продлабочување и интензивирање на соработката во сите обалсти од заеднилчки интерс на билатерално, регионално и глобално ниво, рече премиерот Мицкоски на прес-конференција по потпишувањето на декларацијата.

Мицкоски рече дека со Ердоган имале исклучително значајна и конструктивна средба, која, како што рече, е потврда на традиционалното пријателство, силното партнерство и стратешката соработка меѓу двете земји.

Најави продлабочување на соработката во повеќе области со особен акцент на трговската размена, а разговарале и за соработката во безбедноста, образованието, културата и здравството.

– Двете земји се сојузници во НАТО, а нашиот заеднички приоритет е стабилноста и безбедноста во регионот. Посветени сме како држава на градење цврсто партнерство и потврда за македонско-турското пријателство на економски, политички и културен план, рече Мицкоски.

Ердоган се надева оти ќе присуствува на првата седница на Советот што ќе се одржи во Скопје. Најави дека со идните активности ќе се зголеми економската и трговската размена на уште повисоко ниво и оцени дека односите меѓу двете земји се силни како што е силен Камениот мост во Скопје.

– Лани имавме трговска размена од милијарда долари кои треба да ги удвоиме во првата прилика, рече Ердоган, посочувајќи дека ќе биде потребно ревидирање на Договорот за слободна трговија.

Ердоган воедно порача дека Балканот не треба да се гледа како место за конкуренција меѓу народите, туку како поле за заедничка соработка и за развој.

TAGGED:реџеп таип ердоганхристијан мицкоски
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Од утре поскапо парно
Следна статија Во недела се слави Прочка- еве што треба да направите

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На рехабилитација на Пониква се 45 повредени лица од пожарот во „Пулс“, условите сосема ги задоволуваат нивните потреби

Од викендов на двонеделна рехабилитација во одморалиштето на МВР на Пониква се…

June 23, 2025
Зошто ни се приспива околу 14 часот?

Ако сте меѓу оние кои секој ден околу 14 часот чувствуваат потреба…

June 23, 2025

Ужас во Словенија: Жена почина од каснување од поскок, прв таков случај по неколку децении

По неколку децении, во Словенија е…

June 26, 2025

Кочоска: Владата успеа за три последователни квартали да обезбеди стапка на раст од 3 проценти

Гордана Димитриеска Кочоска, потпретседателка на ВМРО-ДПМНЕ,…

June 26, 2025

Дури 216.000 Македонци имаат бугарски пасоши

Расте бројот на македонски граѓани со…

June 26, 2025

Шефот на ЦИА: Нуклеарната програма на Иран е назадена со години

Директорот на ЦИА, Џон Ратклиф, изјави…

June 26, 2025

РАЗНО

МАКЕДОНИЈА

Груби веќе не е професор по новинарство во Тетово, отказот му е пратен по мејл

Деканот на Правниот Факултет при Универзитетот во Тетово, Сафет Емурли за МИА информира дека на Артан Груби, кој бил вработен…

January 8, 2025
ЕКОНОМИЈАНАСЛОВНИ

Миноски: Македонската економија меѓу препораките на ММФ и геополитичките ризици

Минатонеделната анализа на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) уште еднаш ја потврди комплексноста на економската ситуација во Македонија. Проектираниот раст од…

March 8, 2025
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Мечки почнаа да се приближуваат кон населени места околу националниот парк „Шар Планина“

Во последните две недели, сè почесто се бележат случаи на приближување на мечки кон населени места во регионот на Националниот…

May 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

Каја Калас следниот месец доаѓа во Македонија

Со поддршката за земјава наменета за спречување конфликти и за зајакнување на регионалната стабилност, Унијата покажува дека „целосно ја поддржува…

April 25, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?