strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Мицкоски: Посветени сме на градење на цврсто партнерство и потврда за македонско-турското пријателство
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Посветени сме на градење на цврсто партнерство и потврда за македонско-турското пријателство
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Посветени сме на градење на цврсто партнерство и потврда за македонско-турското пријателство

Објавено February 28, 2025 17:21
strana.mk
Сподели
Сподели

Македонија и Турција ќе ја продлабочуваат и интензивираат соработката во сите области на билатерално, регионално и глобално ниво, најавија премиерот Христијан Мицкоски и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган откако денеска во Истанбул потпишаа политичка декларација за основање совет за соработка на високо ниво меѓу владите на двете држави.

-Ми претставува исклучително задоволство што ова е прва моја посета на пријателска Турција, држава со која имаме многу заеднички елементи во културата, традицијата, заеднички интереси и одлични односи на македонскиот и турскиот народ, на македонските граѓани и на турските граѓани. Имав исклучително значајна и конструктивна средба со претседателот господинот Реџеп Таип Ердоган, по што можам да кажам дека оваа средба е потврда на традиционалното пријателство, силното партнерство и стратешката соработка меѓу нашите две земји. На средбата разговаравме за продлабочување на билатералните односи во повеќе сфери, со особен акцент на економската соработка, инвестициите и трговската размена. Турција е еден од нашите најзначајни економски партнери, но и неизоставна сила со големо влијание во регионот, а заедничката заложба е да ги зголемиме турските инвестиции во Македонија и да создадеме нови можности за македонските компании на турскиот пазар, рече Мицкоски.

Премиерот посочи дека двете земји се сојузници во НАТО, а заеднички приоритет е стабилноста и безбедноста во регионот.

-Веќе имаме многу позитивни примери на турски компании кои работат кај нас, во делот на патната и железничката инфраструктура, а од друга страна неодамна и како што објавивме имаме соработка во делот на енергетиката со значајна и голема турска компанија за инвестиции во изградба на когенеративни гасни централи, топловодна и гасна мрежа во висина од би рекол до една милијарда долари. Дополнително, разговаравме и за унапредување на соработката во областа на безбедноста, образованието, културата и здравството. Двете земји се сојузници во НАТО, а нашиот заеднички приоритет е стабилноста и безбедноста во регионот. Исто така отворивме теми за коишто претходно зборуваше претседателот Ердоган.

Денес воедно јас и претседателот Ердоган потпишавме заедничка политичка декларација за основање на Совет за соработка на високо ниво. Ова е значаен чекор за односите меѓу двете држави, а основите на ова се содржани во самиот темелен документ наречен „Стратегија за зајакнување на билатералните односи меѓу Македонија и Турција”, потпишан уште во 2008 година. Со цел да го развиеме стратешкото партнерство, донесовме одлука за основање Совет за соработка на високо ниво којшто во самиот документ носи наслов „Совет“, чија цел е продлабочување и интензивирање на соработката во сите области од заеднички интерес на билатерално, регионално и глобално ниво, посочи Мицкоски.

Советот ќе ја утврди стратегијата за односите меѓу Турција и Македонија во областите на политиката, безбедноста, одбраната, економијата, трговијата, енергијата, транспортот, инфраструктурата, земјоделството и шумарството, медиумите и комуникациите, туризмот, културата, науката, уметноста, младите, спортот, образованието, здравството, животната средина и дигиталната трансформација и контактите меѓу граѓаните на двете земји.

-Ваквата стратегија ќе претставува основа за развој на соработката во овие области, а Советот ќе го поттикнува нејзиното спроведување. Ние сме посветени како држава на градење на цврсто партнерство и потврда за македонско-турското пријателство на економски, политички и културен план. Mорам да ги потврдам добрите односи меѓу двата народа. Кај нас турската заедница е лојален дел од македонското општество, исто како што и македонската заедница во Турција е значаен дел развојот на Турската држава.

Јас во претседателот Ердоган гледам голем поддржувач и пријател. Неговото минато, исто како и минатото на Турција се поврзува со мојата татковина, и воедно ова е добра прилика да кажам дека тој е секогаш добредојден во Скопје, во Охрид и на било кое место кај нас, и се надевам дека тоа ќе го стори многу скоро.
Уверен сум дека соработката меѓу двете држави ќе продолжи да се развива во духот на заемното почитување и заедничките интереси, со цел да обезбедиме подобра иднина за нашите граѓани, истакна македонскиот премиер.

TAGGED:македонијахристијан мицкоски
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Во недела се слави Прочка- еве што треба да направите
Следна статија Наставничка физички нападнала ученички, употребила и дрвен предмет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На рехабилитација на Пониква се 45 повредени лица од пожарот во „Пулс“, условите сосема ги задоволуваат нивните потреби

Од викендов на двонеделна рехабилитација во одморалиштето на МВР на Пониква се…

June 23, 2025
Зошто ни се приспива околу 14 часот?

Ако сте меѓу оние кои секој ден околу 14 часот чувствуваат потреба…

June 23, 2025

Безос ги менува плановите за свадба поради војната на Блискиот Исток

Џеф Безос наводно бил принуден да…

June 25, 2025

Мицкоски од Прилеп најави две нови економски мерки

Ќе направиме, почитувани прилепчани уште многу…

June 25, 2025

Стојаноски: Со чесна и напорна работа успеавме да станеме една од водечките економии во Европа

На денешната трибина на тема „Економски…

June 25, 2025

Трагедија: Тинејџер од Македонија се удави во Грција

Трагичен инцидент се случи на централната…

June 25, 2025

РАЗНО

МАКЕДОНИЈА

Ноќеска имаше земјотрес во Скопје

Денеска во Скопје беше регистриран земјотрес со јачина од 2.5 степени според Рихтеровата скала. Според податоците на Европскиот медитерански сеизмолошки…

February 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Крајно време е да престанеме да преговараме за идентитетски прашања со било кого, рече Муцунски

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, рече дека Владата се стреми кон компромис кој ќе биде рационален за да се…

April 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Се продава Соравиа со која оперира Дрин Ахмети, внукот на лидерот на ДУИ

Извршителот Андреја Буневски по барање на доверител за спроведување на извршување од над 930 илјади евра, ја стави на продажба…

April 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Денеска е трет ден Велигден, најсреќниот вторник во годината

Денеска е Воскресение Христово – Трет ден. Велигден, или празникот на Христовото воскресение е дефинитивно најголемиот христијански празник. Страдалната седмица…

April 22, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?