strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Ердоган: Нашите односи над 30 години се цврсти како што е цврст и Камениот мост во Скопје
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > МАКЕДОНИЈА > Ердоган: Нашите односи над 30 години се цврсти како што е цврст и Камениот мост во Скопје
МАКЕДОНИЈА

Ердоган: Нашите односи над 30 години се цврсти како што е цврст и Камениот мост во Скопје

Објавено February 28, 2025 18:03
strana.mk
Сподели
Сподели

Потпишувањето на политичката декларација за основање на совет за соработка на високо ниво помеѓу Турција и Македонија е многу значаен чекор со кој ние можеме да ги подигнеме на уште повисоко ниво односите меѓу нашите две земји во трговијата и економијата…Се надевам дека ќе присуствувам на првата седница на советот што ќе се одржи во Скоје, истакна претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган на заедничката прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски по потпишувањето на декларацијата.

Ердоган изрази задоволство што е домаќин на премиерот Мицкоски и неговата делегација во Истанбул, истакна дека целта на документот е трговската размена која минатата година достигна околу една милијарда евра, да биде во ист сооднос меѓу двете земји.

-Минатата годна ние имавме околу една милијарда долари трговска размена и мислам дека во првата прилика мораме да ја донесеме двострано. Помеѓу двете земји постои Спогодба за слободна трговија која треба повторно да се ревидира. Денеска посебно се осврнавме и на односите кои што ги имаме во воената област и во сферата на одбранбената индустрија. Турција е една од првите земји која што ја призна независноста на Македонија. Како наш соработник во НАТО, ние сме две пријателски земји кои директно влијаат врз зачувувањето на мирот на Балканот. Нашите односи над 30 години се цврсти како што е цврст и Камениот мост во Скопје, рече Ердоган.

Тој ја потенцира и важноста на турската заедница во Македонија за одржувањето на блиски односи меѓу двете држави.

-Балканот не треба да се гледа како место за конкуренција помеѓу народите. Напротив, треба да биде поле за заедничка соработка и за развој. Најзначајното нешто што ги врзува двете земји се Турците коишто живеат и нивната заедница во Македонија. Тие порано од Анадолија мигрирале и дошле во СМ на таа географија и формирале свои културни темели коишто не врзуваат, рече Ердоган.

Како што наведе, му напоменал на премирот во нивните разговори дека „ова наше пријателство е под притисок на ФЕТО и ние мораме да се бориме заеднички против нив“.

Двајцата се осврнале и размениле мислења за регионалните и глобалните геостратешки прашања како што е конфликтот во Украина и во Газа.

За Турција, како што рече Ердоган, клучно е конфликтот во Украина да се реши по пат на разговори. За ситуацијата во Палестина нагласи дека двете земји споделуваат ист став, а тоа е преку формирање на две држави.

TAGGED:реџеп таип ердогантурцијахристијан мицкоски
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија (ВИДЕО) Трамп го нападна Зеленски во Белата куќа: Се коцкаш со Трета светска војна
Следна статија Тошковски: Неказнивоста останува во заборав во Македонија и конечно законот важи еднакво за сите

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На рехабилитација на Пониква се 45 повредени лица од пожарот во „Пулс“, условите сосема ги задоволуваат нивните потреби

Од викендов на двонеделна рехабилитација во одморалиштето на МВР на Пониква се…

June 23, 2025
Зошто ни се приспива околу 14 часот?

Ако сте меѓу оние кои секој ден околу 14 часот чувствуваат потреба…

June 23, 2025

Се заканувал дека ќе ја убие 4 годишната ќерка, му пречело што детето земало играчки – Поднесено обвинение за таткото од Драчево

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство…

June 26, 2025

(Видео) Аргентинците не знаат да губат – се степаа фудбалерите на Ривер и Интер

Синоќа, фудбалерите на Интер ја елиминираа…

June 26, 2025

Филипче: Пропаднаа лагите на ВМРО-ДПМНЕ, животниот стандард е паднат за 20%, тоа е понижувачки

Станува сѐ појасно дека ВМРО-ДПМНЕ ги…

June 26, 2025

ВИДЕО: Уапсен најбараниот наркобос во Еквадор, се криел во бункер под кујната

Најбараниот бегалец во Еквадор, Хозе Адолфо…

June 26, 2025

РАЗНО

МАКЕДОНИЈА

Рекордни приходи во Царина, разбиени шеми преку кои се избегнувале плаќања на царински услуги

На синоќешниот поткаст „ВМРО-ДПМНЕ Зборува“, директорот на Царинската управа, Бобан Николовски, истакна дека неефикасноста била една од најголемите проблеми во…

February 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

Дали веледрогеријата Пановски го уценува македонското здравство со високи цени за онколошка терапија?

Јавноста со право е потресена поради последните случувања со недостаток на онколошка терапија на Клиниката за онкологија за болните од…

January 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мојсоски и Каевски на суд за злоупотреба на спортските ваучери

По промена на судечкиот совет, Во Основниот кривичен суд Скопје денеска повторно започна судењето за злоупотреба на спортските ваучери за…

January 28, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Ако работодавачите и работниците се договорат за минималната плата, Владата ќе го прифати договореното

„Ставот наш околу минималната плата е многу јасен и не се темели на никакви импровизации. Ние моравме како Влада, а…

April 24, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?