strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Норвешка компанија одбива да им испорачува гориво на Американците по кавгата Трамп-Зеленски
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > БИЗНИС > Норвешка компанија одбива да им испорачува гориво на Американците по кавгата Трамп-Зеленски
БИЗНИС

Норвешка компанија одбива да им испорачува гориво на Американците по кавгата Трамп-Зеленски

Објавено March 2, 2025 10:58
strana.mk
Сподели
Сподели

По расправијата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и Володимир Зеленски во Белата куќа, норвешката компанија за гориво „Haltbakk Bunkers“ објави дека ќе престане да доставува гориво за американскиот воен персонал стационирано во Норвешка и американските бродови што пристигнуваат во пристаништата во земјата.

„Решивме веднаш да ги прекинеме нашите активности како снабдувач со гориво за американските сили во Норвешка и нивните бродови кои пристигнуваат во норвешките пристаништа. Нема гориво за Американците“, се вели во соопштението на компанијата објавено во саботата во платформата X.

Од „Haltbakk Bunkers“, исто така, ги повикуваат сите норвешки и европски компании да го сторат истото и пораката ја придружуваше со проукраински слоган.

Извршниот директор на компанијата Гунар Гран, исто така, даде интервју за норвешкиот поморски информативен портал Kystens Næringsliv, во кое рече дека мерките ќе останат на сила „сѐ додека Трамп остане на функцијата“.

„Како што веројатно можете да замислите, ниту еден литар нема да биде испорачан додека не биде завршено со Трамп“, рече тој, додавајќи дека фирмата „има морален компас“.

Инаку Норвешка, најголем производител на нафта и гас во Европа, се споменуваше како земјата чијашто воена морнарица беше наведена како изведувач на експлозиите со кои есента 2022 година беа кренати во воздух четирите цевководи на од двата гасовода Северен тек во во Балтичкото Море со што беше прекината испораката на евтин руски гас за Германија и Европа.

Познатиот и наградуван американски истражувачки новинар Сејмур Херш набрзо по експлозиите, повикувајќи се на извори во американското разузнавање објави напис во кој прецизно наведува дати, личности, локации и опрема, и тврди дека зад експлозиите на четирите цевководи од гасоводите Северен тек 1 и 2 стои администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден. Според Херш, по деветмесечно планирање американските служби ги искористиле поморските вежби „Baltops“ на НАТО во јуни 2022-ра во Балтичкото Море да ги постават експлозивните направи кои три месеца подоцна ги активирала воената морнарица на Норвешка.

TAGGED:ГоривоНорвешкаСад
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Гоце го „закопа“ Љубчо Георгиевски: Историски факти за македонската историја што го оставија без одговор! (ВИДЕО)
Следна статија Пејсмејкерот на Хекман престанал да работи 9 дена пред да биде пронајден мртов

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На рехабилитација на Пониква се 45 повредени лица од пожарот во „Пулс“, условите сосема ги задоволуваат нивните потреби

Од викендов на двонеделна рехабилитација во одморалиштето на МВР на Пониква се…

June 23, 2025
Зошто ни се приспива околу 14 часот?

Ако сте меѓу оние кои секој ден околу 14 часот чувствуваат потреба…

June 23, 2025

Мицкоски: Законот за правична застапеност обезбедува професионализам и компетентност на сите граѓани во Македонија

Законот за правична застапеност обезбедува професионализам…

June 25, 2025

На Клиниката за детски болести за 11 месеци се реализирани проекти во износ од 40 милиони денари

Реализирани се 11 проекти за 11…

June 25, 2025

Државата не се откажува од ништо што носи бенефит, а Чебрен ќе стане реалност, потврди Божиновска

ХЕЦ Чебрен ќе стане реалност, што…

June 25, 2025

Мицкоски: Над 200 милиони евра инвестиции во македонското здравство 

Претседателот на Владата на Република Македонија,…

June 25, 2025

РАЗНО

БИЗНИС

Претседателот на УО Андреја Јосифовски купи акции од Макпетрол А.Д. – Скопје

Во соопштение доставено до Македонската берза, Макпетрол АД известува дека Претседателот на Управниот одбор Андреја Јосифовски, се стекна со 80…

June 17, 2025
БИЗНИС

Американска живеачка: Плати од 55.000 долари, леб два долара, млеко еден долар…

Економијата е главна тема во САД, како земјата се наближува до конгресните избори во 2026 година. Впрочем, Трамп беше избран…

May 18, 2025
БИЗНИС

Пазарот на криптовалути „во црвено“ – паѓа вредноста на биткоинот

Вредноста на биткоинот во средата падна за 5,3 отсто на 92.664,16 евра на најголемата светска берза за криптовалути Binance, а…

January 9, 2025
БИЗНИС

Модниот гигант во проблеми: Дали ова е почетокот на крајот?

Францускиот моден гигант Шанел се соочува со сериозни деловни предизвици. Според финансискиот извештај за 2024 година, кој компанијата го објави…

May 22, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?