strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Владината делегација предводена од премиерот Мицкоски пристигна во Унгарија
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > МАКЕДОНИЈА > Владината делегација предводена од премиерот Мицкоски пристигна во Унгарија
МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Владината делегација предводена од премиерот Мицкоски пристигна во Унгарија

Објавено March 3, 2025 17:30
strana.mk
Сподели
Сподели

Владина делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски пристигна во Будимпешта каде ќе учествува на унгарско-македонскиот владин самит што денеска и утре ќе се одржи во Република Унгарија. Согласно агендата, предвидени се тет-а-тет средба меѓу Мицкоски и унгарскиот премиер Виктор Орбан, а во рамки на владиниот самит предвидено е да се одржат и билатерални средби меѓу ресорните министри на двете влади, по што ќе следи и заедничка седница на двете влади.

Предвидено е министерот за надворешна политика и надворешна трговија Тимчо Муцунски и министерот за надворешна политика и трговија Петер Сијарто да потпишат акциски план за размена на експертиза од страна на Унгарската дипломатска академија за јавни службеници на меѓусебно договорени теми за интеграција во ЕУ, процесите на администрацијата на Министерството за надворешни работи и надворешната трговска политика во Будимпешта.

По завршување на меѓувладината седница утре заедничка прес-конференција ќе одржат двајцата премиери. 

Премиерите Мицкоски и Орбан ги предводеа владините делегации на заедничката меѓувладина седница што се одржа во септември лани во Охрид, на која беше потврдено стратешкото сојузништво меѓу двете земји и реафирмирана силната унгарска поддршка за нашата евроинтеграција.  

– Унгарија отсекогаш била силен поддржувач на проширувањето на Европската унија и нашите аспирации за полноправно членство. Унгарија не е само наш партнер на европската сцена, туку и пример за тоа како една држава може успешно да го балансира националниот суверенитет со глобалната интеграција, истакна македонскиот премиер.

Унгарскиот премиер пак кажа дека голема грешка е што земјава не е членка на ЕУ и понуди да посредува во решавање на спорот меѓу Бугарија и Северна Македонија, што Софија потоа експресно го одби.

– Нашиот став е јасен, зачленувањето на Западен Балкан е важно за неговата стабилност, но и за стабилноста на Унгарија, па и на самата ЕУ. Застојот во процесот на проширување, како во случајов со Северна Македонија, не е фер. Подготвени сме да разговараме за овие прашања и да работиме на тој план, рече тогаш премиерот на Унгарија како претседавач со ЕУ.

Во Охрид стана збор и за стратешките проекти како транспортниот и енергетскиот коридор север – југ кој што го поврзува Балканот со Унгарија и е од огромно значење за енергетската сигурност и економскиот раст на целиот регион. Беше истакнато дека нашата соработка со Унгарија ќе биде клучна за успешна имплементација на овие иницијативи.

Мицкоски и Орбан на маргините на НАТО самитот во Вашингтон договорија воспоставување специјална економска соработка и заем за земјава од милијарда евра, од кои 500 милиони евра се искористија за отплаќање на еврообврзницата од 2018 година. Остатотокот од средствата – 250 милиони наменети се за поддршка за стопанството и исто толку за инфраструктурни проекти во општините.

Премиерот Виктор Орбан во 2013 година во Охрид од страна на тогашниот претседател Ѓорге Иванов беше одликуван со Орден „8 Септември“  за исклучителни заслуги за развивање и зацврстување на пријателските односи и мирољубива соработка на Македонија и Унгарија.

TAGGED:Унгаријахристијан мицкоски
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Македонија и Унгарија потпишаа акциски план за размена на експертиза од страна на Унгарската дипломатска академија за јавни службеници
Следна статија Притвор за 28-годишник осомничен за демнење на градоначалникот на Неготино

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Зошто ни се приспива околу 14 часот?

Ако сте меѓу оние кои секој ден околу 14 часот чувствуваат потреба…

June 23, 2025
Препораки за претстојниот топлотен бран

Поради најава од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за очекувани повисоки максимални…

June 23, 2025

Уште едно македонско семејство е евакуирано од Тел Авив: Мајка со три деца слета безбедно во Атина

Четири македонски државјани (мајка и три…

June 25, 2025

Олимпик Лион исфрлен во втората француска лига

Фудбалскиот клуб Олимпик Лион е исфрлен…

June 25, 2025

Ќерката на Брус Вилис објави нови фотографии со актерот

Ќерката на легендарниот Брус Вилис, Талула…

June 25, 2025

Нов земјотрес во Охрид

Земјотрес со Рихтерова локална магнитуда ML2.4…

June 25, 2025

РАЗНО

МАКЕДОНИЈА

Јаневска: Со новиот Концепт за гимназиско образование афинитетите на учениците ќе дојдат на прво место, а со тоа и подобар успех

Ако кажеме дека поединечно, Етика и Логика ги нема, но има Филозофија во која може да се предаваат и Етика…

February 2, 2025
ЕКОНОМИЈАНАСЛОВНИ

Мицкоски: Есенската потрошувачка кошничка и ниската инфлација придонесуваат за подобар стандард на граѓаните

Премиерот Христијан Мицкоски смета дека есенската кошничка овозможила намалување на цените на одредени производи, особено на оние од житарки за…

October 5, 2024
НАСЛОВНИХРОНИКА

Тошковски: Уапсени осум лица за инцидентите со македонското знаме

Панче Тошковски, министерот за внатрешни работи, на денешната прес-конференција информираше дека за вчерашните инциденти со македонското знаме уапсени се осум…

November 29, 2024
МАКЕДОНИЈА

За владиниот Лирџет веќе нема резервни делови, тврди Томовски

Ако сакаме да бидеме сериозна држава треба да имаме соодветно летало, односно соодветен владин авион и не треба да се…

May 8, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?