strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Акуо го предводи одржливиот развој: Одржана работилница за зелена енергија во Штип
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > БИЗНИС > Акуо го предводи одржливиот развој: Одржана работилница за зелена енергија во Штип
БИЗНИС

Акуо го предводи одржливиот развој: Одржана работилница за зелена енергија во Штип

Објавено March 3, 2025 18:58
strana.mk
Сподели
Сподели

Акуо, глобален лидер во обновливите извори на енергија и посветен поддржувач на одржливиот развој, ја потврди својата посветеност кон создавање позелена иднина преку одржување интерактивна работилница во партнерство со Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Настанот се одржа во присуство на владини претставници, бизнис лидери, еколошки експерти, студенти и претставници од земјоделскиот и енергетскиот сектор.

Работилницата „Развој на Штип преку поттикнување одржлив раст, земјоделство и транзиција кон зелена енергија“, е дел од пошироката иницијатива на Акуо за поттикнување иновации и создавање долгорочни економски и еколошки придобивки за регионот. Работилницата воедно имаше за цел да ја охрабри локалната заедница во процесот на барање решенија како обновливите извори на енергија да станат одржливи економски модели.
Градоначалникот на Штип, Иван Јорданов, во своето поздравно обраќање истакна дека овој регион има клучна улога во енергетската транзиција, благодарение на географската локација, развиената индустриска инфраструктура и високата свест за одржлив развој.

„Соработката со институциите, приватниот сектор и академската заедница ни овозможува да учиме и да ги имплементираме најновите технологии и најдобрите практики во обновливите извори на енергија. Преку паметни решенија за енергетска ефикасност создаваме одржливи услови за економски раст и подобар квалитет на живот за граѓаните“, изјави Јорданов, изразувајќи голема благодарност до Акуо за интегрирањето на локалните заедници во иницијативи за обновлива енергија.

На работилницата, Акуо ги претстави можностите за инвестиции, технолошките напредоци и политичките препораки кои можат да ја забрзаат транзицијата на Штип кон позелена економија. Беа споделени и успешни примери од глобалните проекти на Акуо, демонстрирајќи ги конкретните придобивки од интеграцијата на чистата енергија во различни региони.


На вториот панел од работилницата се споделија значајни сознанија за потребите и барањата на студентите од Штип и околината. Преку динамични дискусии и размена на искуства, панелот одигра клучна улога во дефинирањето и заедничкото обликување на проектот на фондацијата. Овие разговори се од исклучително значење за идентификување на реалните предизвици со кои се соочуваат студентите и заедницата, давајќи потврда дека проектот ќе се развива во согласност со нивните потреби.


„Проектите за обновлива енергија се долгорочни, а во Aкуо ги развиваме со силни амбиции насочени кон локалната заедница. Стануваме дел од околината, и токму затоа наша одговорност е да ја поддржиме соработката со универзитетите и да го поттикнеме поврзувањето меѓу енергетското и земјоделското производство“, изјави Емил Бакиќ, државен менаџер на Aкуо.

„Акуо фондацијата активно работи на овој проект веќе неколку месеци заедно со локалните партнери. И ова не се само зборови, туку реални проекти со вистинско влијание кои носат значајни промени и се во служба на студентите, универзитетите и локалните заедници. Наша улога и наша мисија е да го претвориме сето тоа тоа во реалност“, истакна Катинка Рамбер, директорка за општествена одговорност во Акуо и раководителка на Акуо фондацијата.
Работилницата заврши со дефинирање конкретни чекори од страна на Акуо фондацијата за понатамошна поддршка на транзицијата на Штип кон енергетска одржливост. Овие чекори вклучуваат започнување пилот-проекти за интеграција на обновливите извори на енергија во земјоделското производство, формирање регионална работна група за одржливост и воспоставување долгорочни механизми за соработка со цел да се обезбеди континуиран напредок.

Лидерството на Акуо во оваа иницијатива ја потврдува позицијата на компанијата како клучен фактор во глобалните напори за обновлива енергија и одржливост. Преку проактивни чекори за зајакнување на заедниците и инвестирање во зелени решенија, Aкуо не само што го трансформира економскиот пејзаж на Штип, туку и поставува пример за одржлив рурален развој на глобално ниво.

За Акуо
Akuo е независна глобална компанија за производство и развој на обновлива енергија. Компанијата го опфаќа целиот процес – од развој и финансирање до изградба и управување со проекти. Заклучно со крајот на 2024 година, Акуо имаше вкупен капацитет од 1,9 GW во функција или во изградба, како и проектно портфолио од над 12 GW. Со повеќе од 450 вработени, компанијата, со седиште во Париз, Франција, развива проекти во повеќе од дваесет земји ширум светот.
Повеќе информации: www.akuoenergy.com
За Акуо фондацијата
Акуо фондацијата е основана во 2011 година како продолжение на заложбите на групацијата Акуо. Преку својата експертиза, финансирање и поврзување, фондацијата поддржува повеќе од 80 социјални и еколошки проекти во Франција и ширум светот. Вклученоста и посветеноста на вработените во Aкуо, заедничкиот развој на проектите и холистичкиот пристап кон одржлив развој се основните вредности што ги водат активностите на фондацијата.

TAGGED:зелена енергијаштип
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Мицкоски положи венец на Меморијалниот споменик на унгарските херои
Следна статија Вучиќ нарече новинарка на РТС „имбецил“

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На Клиниката за детски болести за 11 месеци се реализирани проекти во износ од 40 милиони денари

Реализирани се 11 проекти за 11 месеци на Клиниката за детски болести…

June 25, 2025
На рехабилитација на Пониква се 45 повредени лица од пожарот во „Пулс“, условите сосема ги задоволуваат нивните потреби

Од викендов на двонеделна рехабилитација во одморалиштето на МВР на Пониква се…

June 23, 2025

Вработена во Ургентен центар нападната од колега

На 25.06.2025 во 18:00 часот во…

June 26, 2025

Мицкоски предложи електронски попис идната година, но го услови со прифаќање веднаш на една изборна единица

Премиерот Христијан Мицкоски попладнево на собраниската…

June 26, 2025

Намирници кои го забрзуваат согорувањето на мастите и помагаат во слабеење

Некои намирници можат да го забрзаат…

June 26, 2025

Роналдо го обнови договорот со Ал-Наср до 2027 година

Португалската суперѕвезда Кристијано Роналдо официјално потпиша…

June 26, 2025

РАЗНО

БИЗНИС

Рекордни цени на јајца во Америка- една табла чини околу 1 150 денари, Турција ќе спасува

Соединетите Држави се погодени од недостиг на јајца, што ги принудува нивните трговци да се свртат кон Турција. Според Централното…

February 25, 2025
БИЗНИС

Доларот тоне на најниско ниво во последните три години поради зголемената недоверба

Американскиот долар падна на најниско ниво во последните три години, бидејќи повлекувањето на инвеститорите од американските финансиски инструменти се интензивира,…

April 22, 2025
БИЗНИС

Македонските работници бараат најмалку 1.300 евра за сезонска работа во Хрватска

Сезонската работа во Хрватска станува сè попривлечна за македонските работници, со над 10.000 издадени работни дозволи минатата година, што претставува…

March 11, 2025
БИЗНИС

Аргентинскиот претседател за скандалот со криптовалутата либра: Сите знаеја во што се впуштаат

Претседателот на Аргентина Хавиер Милеј синоќа првпат се огласи по викендот обележан со скандал околу промоцијата на криптовалутата либра ($LIBRA),…

February 18, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?