Бујар Османи од ДУИ во гостувањето на ТВ21 вели дека не може да има локални избори без парламентарни избори, но и без враќање на Балансерот, Бадентер и без гаранцијата на Законот за јазиците.
„Ние велиме дека не може да има избори во услови кога Албанците ќе бидат деградирани до тоа ниво. Ќе се создаде длабока политичка криза. Албанците нема да дозволат денот да продолжи како ништо да не се случило. Тоа е морална обврска, тоа е национална обврска, тоа е човечка обврска кон оние кои ги дале своите животи за овој јазик. И сега ќе се однесуваме како ништо да не се случило“, вели Османи за Дејли клик на ТВ21.
Османи посочи дека без враќање на Балансерот, без враќање на Бадентер, без враќање на легитимитетот и без гарантирање на јазикот, не може да има политика како и обично.
„Не е во прашање ДУИ. Албанците не ќе дозволат. Ти не ќе дозволиш утре да дојдеш на работа како ништо да не се случило, бидејќи тоа е морална, национална и човечка обврска кон оние што дадоа живот за овој јазик. И дали ќе глумиме како да ништо не се случило? Претседателот на Уставниот суд одлучил, и утре ќе излеземе да пиеме кафе во град!? И утре ќе правиме кампања за општините!? Затоа кажувам, длабока политичка криза, која што не може да продолжи во истиот начин без да седнеме и дискутираме што ќе правиме со Охридскиот Договор, без да го вратиме Балансерот, без да го вратиме Бадинтер, легитимитетот и без да го гарантираме јазикот, нема да има политика како обично“, рече Османи.