strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Палевски инсинуира алиби со уплатници од банка
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > ХРОНИКА > Палевски инсинуира алиби со уплатници од банка
ХРОНИКА

Палевски инсинуира алиби со уплатници од банка

Објавено March 5, 2025 14:39
strana.mk
Сподели
Сподели

Со прикажување уплатница од една банка во Скопје, адвокатите на првообвинетиот Љупчо Палевски, на денешното рочиште за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, се обидоа да му прикажат алиби на својот клиент за времето на убиството на Вања.

Адвокатот на  Љупчо Палевски покажа уплатница од Халк банка од 27.11.2023, две фотографии, скриншот од Фејсбук, скриншот од Телеграм, отпусно писмо од „Аџибадем Систина“ од 16.07.2020, ургенција до Телеком од 16.09.2024 година. Тој го повлече барањето до Улици и патишта од 20.08.2024 за движењето на возило „фиат добло“, бидејќи добиле одговор од јавното претпријатие дека не чуваат записи повеќе од 30 дена. Со ова адвокатите на првообвинетиот Љупчо Палевски, на денешното рочиште за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, се обидоа да му прикажат алиби на својот клиент за времето на убиството на Вања.

– Баравме запис од надзорните камери на Халк Банка од 27.11.2023 за периодот од 10 до 12 часот за да утврдиме кога Палевски влегол во Банката. Доставуваме уплатница за извршена уплата од Палевски во 11.40 часот. Палевски два пати се враќал во Банката, во експозитура Буњаковец, на Партизански одреди, поради уплатницата – рече адвокатот на Палевски.

Обвинителката даде приговор велејќи дека критичното време на кое се однесува уплатницата воопшто не е од интерес на оваа постапка бидејќи од презентираните видео записи за 27.11.2023 година од Сејф сити, е произлезено дека возилото „рено кангу“ управувано од Палевски на 27.11 во 10 часот веќе се враќа во седиштето на партијата Десна, а уплатницата е од 11.44 часот.

– За нас овој доказ е битен, бидејќи со тоа го докажуваме спротивното од она што го вели јавниот обвинител. Нивниот доказ како возилото се шета по Скопје, без утврдени ликови, не може да биде посилен доказ од тоа дека Палевски во истиот временски период бил во Халк банка. Оттука е невозможно да биде во исто време на две локации. Овој доказ треба да ни биде дозволен, бидејќи е битен за одбраната – рече адвокатот на Палевски, Јовица Страшевски.

На тоа Палевски додаде дека за да стасал од седиштето на партијата до банката му требало половина час.

– Бараме да се обезбедат и снимки од експозитурата на таа банка. Со сведокот Мартин Панчевски, професор во пензија, колку време сме разговарале и сме чекале ред. На таа околност се однесува овој доказ – рече Палевски.

Неговиот адвокат побара судот да се обрати до СВР Велес за тоа дали Боре Видевски поседува дозволи за оружје со тип на оружје, калибар и фабрички број.

– Судот да се обрати до Телеком, да побара податоци за телефонскиот број 071/491-130 со листа на појдовни и дојдовни повици на претплатникот Весна Палевска, сопруга на обвинетиот. Барањето се однесува за базни станици за периодот 21 до 29.11.2023 година. Базните станици се важни за утврдување на околноста време на сторување на кривичните дела. Според базните станици точно ќе утврдиме каде бил Палевски – рече адвокатот Страшевски.

Обвинителката реагираше дека во досегашниот тек на постапката, од Обвинителството биле изведени докази кои се однесуваат на севкупната телефонска анализа и на телефонскиот број користен од обвинетиот Палевски, а на кој претплатник била Весна Палевска.

– Не е точно дека ги имаме сите цедеа за телефонските разговори. Тие се манипулирани и фалсификувани. Пред мене е доказ, кој ќе го цитирам, за фалсификатот на тоа цеде. Тоа е извештај од Телеком до ОЈО, табела во која се содржани повици и базни станици. Доказот е на страна 36 од 120 страни, за ден 22.11.2023 година, каде од 13 часот до 21.18 часот се избришани сите полиња за податоци за базни станици. Еве ги пред мене, се гледаат празни, господин судија. Од телефонската анализа, на која се повикува ЈО постои извештај во форма на прилог-табела за базни станици, изготвена од МВР, одделение за криминалистичко разузнавање и анализа, кое го обработило огромниот број податоци од Телеком и подготвило прилози за сите 12 телефонски броеви кои се дел од истрагата во судскиот процес. Само за едниот телефон, 071/491-130, во табелата за базни станици е празно, не постои никаков податок. За разлика од бројот на Вања каде има над 2.000 податоци од базните станици. Зошто се проблем моите базни станици, ќе се расчисти со овој доказ кој го барам – рече Палевски.

Во однос на наводите на Палевски дека на цедињата се вршени манипулации и измени, обвинителката нагласи дека мобилните оператори намерно ги доставиле листинзите и другите податоци и анализи на цеде, а не на УСБ, затоа што на цедињата не може да се вршат никакви промени освен како што се изготвени од операторите.

-Во телефонската анализа само за овој број нема податоци за базни станици и тоа добро го знаат двете обвинителки. Во ворд, истражителот Влатко Никовски искуцал податоци за мојата базна станица, а не приложил табели, како за останатите броеви – рече Палевски.

– На страна 12 од телефонската анализа, за бројот 071/491-130 е наведено дека на 27.11.2023 зрачи на базни станици во Скопје и тоа од 10.06 до 10.46 часот на базните станици Железничка станица, Народна банка, Центар. Во периодот од 11.23 до 12.21 часот зрачи на базна станица Млин Балкан. Од 13.21 до 16.21 часот зрачи на базна станица Железничка станица Аеродром. И од 18 до 19.21 часот зрачи кај Народна банка. Значи, има податоци за базни станици за тој ден, а претходно ако нема ние не можеме да ги измислиме – рече обвинителката, која додаде дека анализата е правена врз база на податоците од операторите.

– ОЈО потврди дека анализата ја чита од ворд документ, а не од листа од базни станици од Телеком. Овие базни станици ги бараме токму затоа што во анализата немаат доказ за критичниот период, а го обвинуваат Палевски. Тие немаат доказ каде бил Палевски во критичниот период. Невозможно е само за него во критичниот период да нема податоци од базните станици. Податоците што ги прочита обвинителката се по настанот, по извршување на делото. Затоа бараме овој доказ судот да го обезбеди, бидејќи нас нѐ одбија – рече адвокатот Страшевски.

Судијата Ивица Стефановски рече дека ако се обезбеди присуство на предложениот сведок од одбраната Мартин Панчевски, тој ќе биде испитан на некое следно рочиште.

TAGGED:Палевскисудење
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Извршени распит и претрес на Сашо Дранго, се вештачи и мобилниот телефон
Следна статија Николоски: „One stop shop“ железнички премин помеѓу Македонија и Србија, Коридорот 10 еден од главните крвотоци на државата!

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ова се препораките на Институтот за јавно здравје за време на празниците

Институтотт за јавно здравје излезе со препораки за граѓаните за време на…

January 1, 2026
Радосна вест од Детска клиника: Дамјан ја совлада болеста и храбро заѕвони на победничкото ѕвонче

Нова радосна вест пристигна од Клиниката за детски болести во Скопје, каде…

November 22, 2025

Tarazı oyunlarının tarixi inkişafı zamanla dəyişən ənənələr

Tarazı oyunlarının tarixi inkişafı zamanla dəyişən…

March 10, 2026

Master essential tips and tricks for a successful casino experience

Master essential tips and tricks for…

March 10, 2026

Mastering casino strategies Essential tips and tricks from chicken road casino

Mastering casino strategies Essential tips and…

March 10, 2026

Mythos & Millionen Spiele gates of olympus und ergreife deinen Anteil am göttlichen Reichtum.

Mythos & Millionen: Spiele gates of…

March 10, 2026

РАЗНО

ХРОНИКА

Нападнати полицајци на базенот во Виница

Двајца полициски службеници биле физички нападнати при вршење контрола на угостителски објект во Виница, каде затекнати биле и малолетници со…

August 3, 2025
ХРОНИКА

Манев: Ни фалеа пари за партијата, така се јави идејата за грабнување

Обвинетиот Велибор Манев, за грабнувањата и убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, одговараше на прашања од судијата Ивица Стефановски.…

March 24, 2025
ХРОНИКА

(Видео) Драчево бара лежечки полицајци на „Јустинијан Први“: Не утре, туку сега, пред да има мртви

Колку животи треба да се изгубат на улица „Јустинијан Први“ за конечно да се преземе нешто?Денеска повторно автомобил излета од…

July 30, 2025
ХРОНИКА

Обвинителката Јосифовска: Сите наводи на обвинетиот Палевски се неосновани, чудно е како тој ги има записниците за испитување од осомничените

Обвинителката Жаклина Јосифовска, по денешното рочиште објасни дека обвинетиот за убиството на Вања и Панче, Љупчо Палевски Палчо го користи…

January 27, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?