Ливерпул стекна предност по првиот осминафинален натпревар. Во Париз, Ливерпул го победи ПСЖ со 1:0.
ПСЖ целосно го надигра Ливерпул, особено во првото полувреме, но немаше решение за брилијантниот Алисон Бекер на голот на „црвените“. Бразилецот одбрани буквално се, а кога единствената топка што заврши зад неговиот грб, по ударот на Кварацхелија, имаше среќа, ВАР го поништи голот поради милиметарски офсајд.
Алисон имаше 10 интервенции, на спротивната страна Днамурма ниту една. Односот на ударите доволно кажува како се играше на „Паркот на принцовите“, играчите на ПСЖ шутираа 27 пати, играчите на Ливерпул само два.
ПСЖ го шокираше Харви Елиот во 87.минута. Елиот на теренот влезе на местото на Салах, а нецела минута подцна по првиот допир со топката го постигна голот за победа.
Во германската пресметка, Баерн го победи Баер Леверкузен со 3:0. По шест мечеви на кои немаше триумф, Баерн кончено ги победи „фармацевтите“.
Хари Кејн го отвори резултатот во деветтата минута. Џамал Мусијала во 52. зголеми на 2:0. Десет минути подоцна Баер остана со играч помалку, Мукиеле доби дректен црвен картон. Точка на мечот од пенал стави Кејн во 68.минута
Барселона стекна минимална предност над Бенфика, по победата од 1:0, во првиот осминафинален натпревар во Лисабон. Голманот Шчесни и стрелецот Рафиња се најзаслужни за победата на Барселона, која на стадионот „Ла Луж“ од 22.минута играше со фудбалер помалку.