Хрватите во Македонија ќе имаат корист од вклучувањето на хрватското национално малцинство во уставот на земјата, бидејќи тоа ќе го олесни одржувањето на нивниот идентитет, изјавија претставници на хрватското малцинство на средбата со претседателот на хрватскиот Сабор , Гордан Јандроковиќ, кој е во тридневна псета на Македонија, јави Индекс.хр.
Тие, на официјалната средба со Јандроковиќ во хрватската амбасада во Скопје порачаа дека го негуваат хрватскиот јазик, историја и наследство, но ги посочија и предизвиците во областа на образованието, културата и медиумското претставување во нивните активности, се вели во соопштението на хрватскиот Сабор.
На Јандроковиќ му биле „укажани предностите што ќе ги донесе вклучувањето на хрватската национална заедница во Уставот на Република *Македонија“, се наведува во соопштението.
Тој им рече дека Саборот работи на промоција на хрватското наследство во Македонија.
Јандроковиќ денеска треба да се сретне и со претседателот на македонското Собрание Африм Гаши, а потоа и со премиерот Христијан Мицкоски и претседателката Гордана Силјановска-Давкова.
Тој ќе има и обраќање во македонското Собрание.
Предвидени се и средби со хрватскиот бизнис клуб, кој обединува претставници на хрватските компании кои работат во Македонија.