Натпреварот меѓу Барселона и Осасуна вчера не се одигра поради трагична вест од таборот на домашниот клуб, кој на 15- минути пред почетокот соопшти дека починал вториот доктор во лекарскиот тим, Карлес Мињаро.
40-годишниот доктор ненадејно починал во својата хотелска соба и ги шокирал сите присутни од првиот тим на Барселона, по што самите играчи побарале воопшто да не излегуваат на теренот и да се одложи мечот против Осасуна.
Ла Лига го прифати ова и сега останува да се види кога ќе биде одреден нов термин за одигурување на натпреварот од 27-то коло, бидејќи нема никаква логика да се одигра овои викенд, односно 24 часа по шокантната вест.
Ѕвездите на Барселона го проследија соопштението на клубот и ја искажаа својата неверица за непосакуваната вест, а меѓу првите се јавија Педри, Гави и Араухо.
– Се уште не можам да поверувам…. Испраќам силна прегратка до семејството и пријателите на Карлес…., – порача Педри.
– Почивај во мир докторе, секогаш ќе бидеш во нашите срца. Навистина многу ќе ни недостасуваш, – напиша Гави.
Не можам да поверувам. Почивај во мир докторе. Испраќам многу сила за неговите најблиски и пријателите. Бог нека им даде сила во овие тешки моменти, – порача Араухо.